Маските штитат и од грип и настинка

За здравствените експерти носењето заштитни маски е повеќекратно корисно, бидејќи освен заштитата од Ковид 19, во сезоната на настинки и грип, штитат и од овие и други вируси кои се пренесуваат преку воздух и капки. Заедно со маските заштита обезбедува и држење на неопходно и безбедно растојание, бидејќи, капките при зборување, кашлање или кивање, немаат голем досег и паѓаат на земја или под. Со воздухот ситуацијата е по сложена, бидејќи честичките остануваат подолго во него, а струењата го носат на поголеми далечини. И тука маските ја играат клучната улога, со тоа што поефикасни се двослојните или повеќеслојните, кои обезбедуваат подобра заштита. Многу битно е и правилното носење на маските, со покривање на устата и носот. Народски кажано, не да се носи маската колку да се избегне некаква казна, туку со уверување дека таа го штити лицето што ја носи и луѓето со кои контактира и комуницира.

Сподели: