Во малата Виница-голем економски бум

Виница, со цел респект, може да се нарече македонско економско чудо затоа што веројатно има посилна економија од многу поголемите општини на истокот. Градот, историски познат по теракотите и оризовите полиња, одамна не е земјоделска, туку индустриска сила на македонскиот исток. Оваа општина лани има четири компании кои во градот внеле приход што кумулативно надминува 130 милиони евра.

Најпрофитабилна компанија во Виница лани била австриската аквизиција Винербергер, компанија која во светски рамки е премиум производител на керамиди и градежен материјал за покриви. Лани ова друштво, кое е сопственост на европскиот гигант Тондах, остварило профит од 2,8 милиони евра. Приходот на „Виенербергер“ лани изнесува 9,6 милиони евра.

Дади Оилкомпанија специјализирана за транспорт на нафтени деривати убедливо е најголема виничка компанија. Лани нејзиниот приход изнесува 81,4 милиони евра. Оваа фирма е сопственост на друштвото Дади Компани со седиште во виничкото село Јакимово.

Втората најголема кондиторска индустрија во земјава е од Виница, Макпрогрес. Ова друштво, лани остварило приход од 30 милиони евра и добивка од 1,1 милиони евра.

Агровине компанија чија специјалност е трговија со земјоделска механизација и придружни машини. Лани оваа семејна фирма остварила приход од 11 милиони евра и профит од 122.000 евра.

Еве ги другите поголеми винички компании кои имаат профит што е еднаков или поголем од 100.000 евра. Најпознатиот винички производител на мебел Мебел Ви, со приход од 5,9 милиони евра има добивка од 772.000 евра. СБВ Ромеро Витространска инвестиција специјализирана за одгледување саден материјал лани оствари приход од 3,9 милиони евра и профит од 585.000 евра. Компанијата за товарен патен транспрот Партнерсопственост на Моне Стојков лани остварила приход од 3,8 милиони евра и профит од 279.000 евра. Дади Компани СИМсо приход од 1,7 милиони евра и добивка од 185.000 евра. Термостилдруштво за производство фабрикувани метални производи со приход од 620.000 евра и добивка од 242.000 евра, и т.н.

Сподели: