Полицајците даруваа крв

Денеска во Полициската станица во Кочани се одржа последната крводарителска акција за оваа календарска година. Согласно годишниот план за работа оваа е трета крводарителска акција, а на неа крв даруваа 21 полициски службеници. -Радува податокот дека голем број од полициските службеници кои се пријавени да даруваат крв се млади колеги коишто неодамна се вработени во ПС Кочани, инфомираше Санде Спиров Крводарителската акција се спроведе со почитување на сите мерки за заштита и спречување на ширење на коронавирусот .

Прочитај повеќе