Времето денеска облачно со магла по котлините

Времето претпладне ќе биде облачно, по котлините магливо, а попладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни делови ќе има услови за слаб дожд. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Прочитај повеќе