ОПШТИНА КОЧАНИ 

За дочеците на Нова Година

Бидејќи пандемијата е причината за драстичната промена на дочекот на Нова Година, вреди да се направи една ретроспектива како во минатото, како до лани изгледаше сето тоа. И да се постави прашањето, што се добив а што се губи со тоа. Меѓу нас има луѓе што ќе речат, а кој кажа дека Новата година треба да се пречекува со луди прослави и забави? Кој, кога и како го наметна сето тоа. Дали можеби лагодниот социјализам, кога како што велат возрасните, течеше мед и млеко. Што носеа и што донесоа таквите…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Илијев им ја честита Нова Година на кочанци

Почитувани сограѓани, Најпосакуваното и најважното нешто – здравјето, беше најзагрозенo во 2020 година. Пандемијата го загрози човештвото и во целост го промени текот на нашето живеење. Здравствената криза сепак нѐ потсети дека семејството, сплотеноста и социјалната одговорност се најважни! Во Новата 2021 година да си дадеме повеќе шанси да бидеме подобри, да се почитуваме, да се радуваме на нови остварени цели. 2021 година да биде поздрава, поуспешна, похармонична! Почитувани сограѓани, Ве повикувам да празнуваме одговорно, со максимално почитување на ги сите мерки за заштита. Да не дозволиме ризичното однесување да…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Сламата во пламен-опасно се заканува

Ниту формални проекти финансирани со странски пари, ниту апели, ни казнени мерки го запираат палењето на сламата и стрништата во полињата во кочанско. Вчера и денеска и преку ден, и ноќе, пламени јазици се шират на неколку локации, кои прават комплексна штета, пред се еколошка, потоа материјална, а на крај и човечко морална. Насловната фотографија е направена вечерва во атарот на селото Грдовци, и тоа на оддалеченост од 4-5 километри. Денеска и вечерва постојано се слушаат сирени на противпожарната служба, која речиси два дена е ангажирана на гаснење на огнената…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

За две кафани клуч, за сопствениците кривични

Полицијата вчера во 18:35 часот извршила контрола во угостителски објект во село Облешево, каде е констатирано непочитување на мерките за заштита од Ковид 19. Карактеристично за Облешево е што вчера таму е пазарен ден со зголемена фреквенција на луѓе. Покрај тоа, полицијата околу полноќ извршила контрола и во угостителски објект во Кочани, каде исто така е регистрирано непочитување на мерките за заштита од Ковид-19. Имено, во двата угостителски објекта, полициските службеници затекнале гости, што значи дека не се почитувало работното време, кое Владата го ограничи до 18:00 часот. Од МВР…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Заклучок за кучињата изгласаа, за медиумите само дискутираа

Во втор план, или во сенка, останаа донесувањето на Буџетот на општина Кочани за 2021 година и завршното обраќање на градоначалникот Николчо Илијев, на дискусиите на советниците, особено од опозицијата, инспирирани од присуството на медиумите на денешната свечена седница на Советот. Сите дискутанти се согласија дека на релација Совет – граѓани во изминатите две години владее информативен мрак, што негативно се одразува врз транспарентноста во работењето, како на советниците, така и на градоначалникот и на службите. И опозицијата и позицијата се согласија дека медиумите им се потребни во наредната изборна…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Кочани ја загуби еко-битката, минихидроцентралата на Мала Река ќе се гради

Додека актуелната и претходната власт меѓусебно се обвинуваат кој е повеќе а кој помалку крив за издадените дозволи и други пропусти за изградба на мини хидроцентралата на Мала Река, Кочани губи уште една еколошка битка. Времето кое е пропуштено, додека инвеститорот еден по еден си ги комплетирал документите, што на државно, а што на локално ниво, сега е ненадоместливо. Што вели народот, возот отишол. А пораз, како секој пораз-боли! Иронијата да биде поголема, во годината кога Осоговските Планини се прогласени за заштитено подрачје, надлежните не успеаја да ја заштитат. Тоа…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Во Светот новинарите ги убиваат физички, кај нас „законски“

Дека новинарската професија е една од најризичните зборува извештајот на Репортери без граници, според кој во Светот годинава се убиени 50 новинари. Во Македонија и во Кочани новинарите не ги убиваат, туку законски ги ликвидираат-на рати. Педесетте новинари се убиени извршувајќи ги своите работни задачи, објави организацијата репортери без граници во годишниот извештај за слободата на медиумите. Притоа, седум од десет новинари се убиени во земји кои не се во војна. Во Македонија и во Кочани, власта последните години сеуште не посегнала по криминални убивања на новинари, но страшно е…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА ВИНИЦА 

ЛЗ „Бел Камен“ нишани надалеку

Ловното здружение Бел Камен од Виница со години наназад, во континуитет остварува одлични резултати во своето работење. Претседателот на здружението, вели дека перманентно се води грижа за бројноста на дивечот во ловиштата, како и на збогатување на инфраструктурата, со цел ловците да имаат што подобри услови за лов. Како резултат на таквата стратегија, од година во година бројот на членови на друштвото се повеќе се зголемува. Деновиве ЛЗ Бел Камен ги доби најзначајните документи, како предуслов за долгорочна работа и развој на ловството и во наредната декада. Поради Ковид кризата…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

За едни општини по две, за други по една дотација

Повеќе општински буџети ќе се освежат со по еден-два милиони евра за реализација на разни проекти од интерес на граѓаните, меѓутоа, одделни градови ќе добијат по две дотации, а други значително помалку. Портпаролот Хоџа не го спомна Кочани меѓу градовите на кои ќе им бидат доделени над милион евра. Државата со  35.милиони евра ќе реализира 99 инфраструктурни проекти во 75 градови, со кои ќе им се подобри квалитетот на живеење на граѓаните. Парите се наменети за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, доизградба на…

Прочитај повеќе