ПОЛИТИКА 

Малверзации на вработена во училиштето СОУ “Гошо Викентиев” се причина за контранапад врз градоначалникот на Кочани

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани дава целосна и безрезервна подршка на градоначалникот Љупчо Папазов и директорот Спирко Златков во политичката хајка која се води против нив од страна на инсталациите на Оливер Спасовски. Освен медиумска прашина не видовме никаква правна основа за наводните обвиненија. Затоа прашуваме и го повикуваме министерот Оливер Спасовски, дали внуката вработена во СОУ Гошо Викентиев заедно со сменетиот началник Александар Максимов и неговата сопруга а актуелна советничка, Ивана Максимова го штитат нејзиниот криминал и со ова се обидуваат да создадат уште еден дефокус на вистината?! Пред извесно…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Советничка група на СДСМ :СТОП за зголемување на трошоците и услугите на граѓаните на Општина Кочани!

Почитувани сограѓани, Градоначалникот Папазов и директорот на КЈП Водовод, Антонио Паунов, бараат покачување на тарифата за снабдување со вода за пиење, канализација и прочистување на отпадни води.  Зошто? Затоа што тендерот за времени партиски вработувања го потрошивте уште во месец март годинава? Во време на светска економска криза, кога Владата предводена од СДСМ, обезбеди поефтина електрична енергија за јавните комунални претпријатија, градоначалникот Папазов и директорот на КЈП Водовод – Антонио Паунов сакаат да ги поскапат услугите за граѓаните. Во овие кризни моменти со кои се соочува нашата држава, способност на локалната…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

OK ВМРО ДПМНЕ Кочани: Реакција на лагите искажани јавно од премиерот Ковачевски

Лагите на скапиот ПР на Ковачевски Почитувани Лицемерие и хипокризија е она што го видовме вчера од страна на ,,избраниот” премиер Димитар Ковачевски.Тој зборуваше и се фалеше без тронка срам за сите пропусти, лоши политики и национални предавства. Г-не Ковачески, што останува кога една една личност ќе го изгуби елементарното чувство за срам? Зошто не кажете јавно дека покачената минимална плата заедно со просечната, не даваат заедно ни една месечна потрошувачка кошничка?? Како тоа, за Вашата сопруга е ,,замрзната” цената за купување државно земјиште по 70 денари по метар квадратен??…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Трибина на ОО СПМ: Неспособната и коруптивна власт треба час побрзо да си оди

ДЕЗОРГАНИЗИРАНА И НЕСПОСОБНА, КОРУМПИРАНАТА ЦЕНТРАЛНА ВЛАСТ ПРЕДВОДЕНА ОД СДСМ И ДУИ ТРЕБА ЧАС ПОБРЗО ДА СИ ЗАМИНЕ, РЕЧЕ НА ТРИБИНАТА СО ЧЛЕНСТВОТО НА СПМ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЉУПЧО ДИМОВСКИ. ПРЕЗАДОЛЖЕНОСТ, НАМЕСТЕНИ ТЕНДЕРИ, КОРУПЦИЈА И РАЗНЕБИТУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНОТО ТКИВО СЕ ГЛАВНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА РАБОТЕЊЕТО НА НЕНАРОДНАТА ВЛАСТ, КОЈА СЕ БОГАТИ ДОДЕКА ГРАЃАНИТЕ ОСИРОМАШУВААТ. Општинската организација на СПМ на 24 март организираше трибина на која покрај членови и симпатизери, присуствуваше и највисокото раководство на партијата, предводено од претседателот Љупчо Димовски и пратеникот во Републичкото Собрание Стојан Миланов. По воведното обраќање до присутните на членот…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Прес конференција на ОК на ВМРО -ДПМНЕ Кочани

Почитувана јавност, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кочани и Комисијата за образование, во врска со неодамнешните случувања поврзани со СОУ,,Гошо Викентиев”-Кочани, одлучи да се произнесе во јавноста за да се демантира вистинската намера на заробени институции контролирани од полициските структури на СДСМ. Централната власт и Владата конечно сфатија дека потполно потфрлија во справувањето со енергетската криза, инфлацијата, зголемената сиромаштија, владеењето на правото и водењето на државата по вистинскиот пат.Нивниот страв поради катастрофалниот рејтинг на последните анкети и предвремените парламентарни избори кои ќе се случат во пролет, ги мотивира оркестрирано во цела…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Соопштение од Васе Алексов ,советник од ВМРО-ДПМНЕ Кочани

Почитувани сограѓани, Денес, на седница на совет на општина Кочани присуствував на театар на кој опозицијата, а посебно Аки Акиов кој би требало да се бори и да ги штити интересите на ромската заедница во Кочани, одбија да дадат подршка за реализација на проектот за изградба на куќички за Ромите од старата касарна. Иако знаат дека процедурата е закочена во Министерството за животна средина, односно истата е закочена од централната власт, наместо да се ангажираат, и да се одблокира процесот и конечно да се отпочне со изградба на истите, тие,…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ОО на СДСМ Кочани „СО НОВАТА ЦЕНА НА ВОДАТА – НОВ ЦЕНОВЕН ШОК„

Почитувани, На денешната седница советничката група на ДПНЕ успеа да го изгласа покачувањето на цената на геотермалната вода. Последиците од оваа одлука се катастрофални и директно ќе удрат по џебот на граѓаните.  Цената на раноградинарските производи ќе се зголеми и дополнително ќе го оптерети семејниот буџет. Тоа значи дека граѓаните ќе плаќаат повисоки цени на домашни производи за чие одгледување дури имаме и домашен енергенс – геотермалната вода. Никој не е должен да плаќа за неспособноста на менаџерскиот тим на Водовод и делата на ДПНЕ кои се секогаш спротивно од…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ОО СДСМ Кочани со рекација на прес конференцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Почитувани, Итавте кон преземање на локалната власт, се послуживте со секакви манипулации да ги убедете граѓаните да ви ја дадат нивната доверба, гордо парадиравте откако вашите планови се остварија, но заборавивте на еден многу важен детал – локалната власт е во служба на граѓаните. Локалната власт не е наменета за остварување на лични интереси. Тоа значи дека секоја одлука, секој проект, секаков план не смее да штети никому. Вашата очигледна неспособност да менаџирате со локални институции и јавни претпријатија е застрашувачка. После цела една година – ништо ново не слушаме,…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

OK ВМРО ДПМНЕ Кочани „ДАЛИ ГРАЃАНИТЕ СЕ ДОЛЖНИ ДА СУБВЕНЦИОНИРААТ БИЗНИСМЕНИ„

Почитувани, Дали граѓаните се должни да субвенционираат одредени бизниси кои се во сопственост на одредени подинци? Во нормална држава ова е недозволиво, ама кај нас во општина Кочани очигледно дека суровата вистина е токму таа. За што всушност се работи? ВМРО – ДПМНЕ како десна партија секој пат се залага за поддршка на бизнисите кои се општествено одговорни и даваат свој економски бенефит во општината. Но исто така ВМРО ДПМНЕ е народна партија која прво го штити националниот и локалниот интерес на народот , а не на група приватни бизнисмени.Со…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ОО СДСМ Кочани : „ НАПАДОТ Е НАЈДОБРА ОДБРАНА„

Почитувани, Нашата советничка група е конструктивна и секогаш на страната за доброто на сите. Планот за вработувања доби наша поддршка како чекор напред кон реализација на веќе започнатите проекти. Планот мораше да се изгласа затоа што како воопшто би функционирала една градинка ако нема вработено соодветен кадар!?  Ниту имало ниту ќе имаме договор за вработувања со кој било политички субјект.  Поинтересно е што Левица не го поддржа истиот тој план, а дадоа поддршка за вработувања во бибилиотека „Искра“ каде реално, нема ни потреба. Првиот пат не беа согласни, за да…

Прочитај повеќе