СПОРТ 

„Осогово“ ослабено гостува во Охрид

По вонредното коло во вторник, второлигашите го продолжуваат првенството со натпреварите од 20 коло. Кое се игра в сабота. На програмата се неколку мошне интересни средби, меѓу кои дербито помеѓу прво и третопласираните Беса и Детонит, кое се игра во Добри Дол. Радовишани се осоколени по победата над Пелистер и сигурно сакаат да му за замрсат сметките на лидерот на табелата. Осогово по малку разочарано патува во Охрид, каде ќе игра против незгодниот Охрид Лихнидос, но за кочанци нема тешки и лесни, бидејќи секој дуел е можност за освојување спасоносни…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Стартуваат третолигашите, „Слога 1934“ со шампионски амбиции

Со натпреварите помеѓу ФК „Слога 1934“ – ФК „Дојранско езеро“, ФК „Вардарски“ – ФК „Тиверија“, ФК „Овче поле“ – ФК „Карбинци“ и ФК „Ударник“ – ФК „Малеш“, и слободниот ФК „Рудар“ кои се играат в недела, започнува пролетната полусезона во Третата фудбалска лига Исток. Со оглед на случувањата во паузата помеѓу двете полусезони, особено кај клубовите кои имаат амбиции за повисок ранг, се очекува интересно и неизвесно првенство. Познавачите на приликите во оваа лига ги издвојуваат Вардарски, Слога 1934 и Овче Поле како главни фаворити во борбата за првата позиција,…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

ГФК „Осогово“ поразено од ФК „Беса“

Стартот на пролетната полусезона во Втората фудбалска лига на Македонија ги потврди најавите дека првенството ќе биде неизвесно и возбудливо. Постигнатите резултати во првото коло варираат од очекувани до изненадувачки. Кај очекуваните се победата на ФК „Беса“ над ГФК „Осогово“ од 3:0, а кај изненадувањата е победата на ФК Вардар Неготино против ФК „Детонит Пласчковица“ од 2:0. Еве ги резултатите од првото пролетно коло: ФК „Беса“ – ГФК „Осогово“ 3:0, ФК „Скопје“ – ФК „Каменица Саса“ 1:0, ФК „Аресини“ – ФК „Новаци“ 2:0, ФК „Караорман“ – ФК „Кожуф“ 1:0, ФК…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Манифестацијата „Избор на спортист“ на 23.јануари 2024 г.

На 23. јануари, во 19 часот, во Хотел „Национал“ ќе се одржи традиционалната манифестација „Избор на најдобрите во спортот во 2023 година“, под покровителство на градоначалникот Љупчо Папазов, а со поддршка на Општина Кочани. Изборот на спортистот на годината, на најдобриот тренер, на најдобриот спортски работни и најдобрите клубови, како и признанијата на надежните млади спортисти го изврши Асоцијацијата на новинари, по систем на бодување. На манифестацијата ќе присуствуваат голем број спортисти и спортски работници од општината, што ќе значи своевиден пресек на постигнувањата во изминатиот едногодишен период, на локално,…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Стојов и Мемеди во ГФК „Осогово“

Откако неколку фудбалери си заминаа од таборот на ГФК „Осогово“, управата побрза да јаде соодветни замени и засилувања, при што деновиве е постигнат договор со познатите Стојанче Стојов од ФК „Каменица Саса“ и Екрем Мемеди од ФК „Башкими“ од Куманово. Се работи за проверени и квалитетни фудбалери со кои жолто-сините добиваат на квалитет во организацијата на играта. Тоа особено се однесува на Стојанче Стојов, кој игра меѓу двата шеснаесетника. Што се однесува до Мемедеи, тој и во сезоната 2021-2022 играше за екипата на Осогово, па одтука се очекува лесно да…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Објавен повикот за избор на најдобрите во спортот

Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2023 година. На манифестацијата ќе се изберат: Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани  во општина  Кочани, а секој кандидат требa да поднесе копија од клупската легитимација. При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнир, државни и меѓународни натпревари). Пријавите треба да содржат и податоци од лице за контакт…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Спортистите заслужуваат новинарски избор

Искрено и аргументирано новинарите на Гласно ја соопштија нивната реакција по повикот на Општина Кочани за изборот на најдобрите спортисти во 2023 година, кој вообичаено се случува кон крајот на првиот месец во годината. Бидејќи, покрај тоа што улогата на избирач е неблагодарна, речиси редовно повлекува различни реакции на колективи и спортисти од различни спортови. На позитивните им се радуваме, од негативните сме револтирани. Иако секој објективен треба да има целосно разбирање за искажаниот став во однос на изземањето од манифестацијата, сепак потребно е да се имаат во предвид неколку…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Борачите на „Спартак“ домаќини на Папазов

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов денеска оствари средба со претставници на Борачкиот клуб „Спартак“ од Кочани. Активни борачи од различни генерации на „Спартак“ и членови на клупското раководство, на средбата со градоначалникот ги претставија активностите, резултатите и освоените награди и признанија во годинава што изминува. Борачкиот клуб „Спартак“ му се заблагодари на градоначалникот Папазов, истакнувајќи го значењето на поддршката што ја дава Општина Кочани во спортските успеси на борачите.

Прочитај повеќе
СПОРТ 

ОФС Кочани додели фудбалски топки за Трета фудбалска лига-Исток

Во просториите на ОФС-Кочани председателот Александар Андов, секретарот Столе Тошев и спортскиот работник Драганчо Димитровски како членови на сојузот кој ја предводи Третата фудбалска лига Исток на екипите од Третата фудбалска лига Исток им доделивме по 20 (дваесет) фудбалски топки се со цел да им помогнеме на екипите кои се натпреваруваат во сезоната 2023/24 во ТФЛИ. Голема благодарност до Фудбалска Федерација на Македонија што ни го одобри барањето и со ова покажа дека се грижи за сите свои членки поденакво.

Прочитај повеќе
Uncategorized СПОРТ 

По првата домашна, прва и гостинска победа

„Осогово“ – „Новаци“ 2:1 полувреме 1:0. Победа која им ги разгали срцата на љубителите на фудбалот во Кочани, токму во време кога сите се посомневаа во можностите на оваа млада и неискусна екипа. Тоа што го започнаа против Беласица, кога ја совладаа со 3:1, „жолто-сини“ го продолжија и против Новаци, борба за секоја топка. „Осогово“ поведе во во 30’ со голот на Драган Паунов, кој го искористи одличното проигрување од Тоше Манов и биеше присебно и прецизно за голема радост. Половина час подоцна од натпреварот, повторно убав пробив на Тоше…

Прочитај повеќе