ЦРНА ХРОНИКА 

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа. Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата. Несреќата се случила околу 14:25 часот, помеѓу две патнички возила.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

„БМВ“ паднало во провалија – 4 повредени

Ноќеска, нешто по еден часот се случила тешка сообраќајка на регионалниот пат Кочани- Пониква, во непосредна близина на одморалиштето, односно на делницата помеѓу месноста Аеродром и централниот паркинг.  Во сообраќајката учествувало едно патничко моторно возило марка „БМВ“ со штипски регистарски ознаки, управувано од деветнаесетгодишниот Н.И. од с.Карбинци. Според изјава на очевидци, кои учествувале во спасувањето на повредените, до несреќата дошло откако возачот изгубил контрола над озилото, поради голомразица, кое прво удрило во едно од старите стебла покрај патот, по што излетало од коловозот и паднало во провалија. Следувала брза реакција на…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Две лица повредени, откако автомобил излета од патот кај Кочани

На 06.10.2023 во 18.40 часот во Полициска станица Кочани е пријавено дека на регионалниот пат Р-1 309 Кочани – Зрновци патничко моторно возило ,,голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.Д.(42) од Кочани, излетало од коловозот, соопшти МВР. По несреќата, возачот и неговите двајца малолетни сопатници од Кочани биле пренесени во Општата болница Кочани, каде од лекар на возачот и едниот малолетник им биле констатирани телесни повреди, а на другиот малолетник му биле констатирани  тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кочани. 

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Сомнителна банкнота од 500 евра откриена во менувачница во Кочани

На 26.09.2023 во 09.40 часот во ОВР Кочани, С.А.(57) од Кочани пријавил дека околу 09.00 часот во менувачница на ул. „Тодосија Паунов“ во Кочани, В.И од с.Облешево, Општина Чешиново – Облешево, при размена на евра во денари приложил 3 банкноти во апоени од по 500 евра, меѓу кои и една сомнителна банкнота во апоени од 500 евра, со намера истата да ja пушти во оптек како вистинска. Полициски службеници од ОВР Кочани ја одзеле банкнотата за понатамошна постапка. Се работи на документирање на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Громорозно убиство во Кочани- Маж со убоди од нож убил 43 годишна жена

Утрово кочанчани ги разбуди веста за големата трагедија која се случија на улицата Страшо Ербапче ,каде 56 годишен маж со над 40 убоди од нож убил 43 годишна жена. Убиството се случило утрово околу 6 часот откако по претходна расправија на жената и биле нанесени убодни рани при што починала на лице место. Настанот во Итната медицинска помош го пријавиле соседите откако се разбудиле од силната расправија помеѓу мажот и жената. Според неофицијални информации, убиецот го оставил безживотното тело на жената, го признал делото и веќе е лишен од слобода.…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Пожари беснеат кај Соколарци и во полињата под Плачковица

Опасни пожари во моментот беснеат во атарот на селото Соколарци, каде огнот и се заканува на фармата за марихуана, но и на неколку куќи на периферијата од селото, како и на пчеларници и друг земјоделски имот. Пожар беснее и од другата страна на реката Брегалница, каде огнот се шири во правец на планината Плачковица. Екипи на противпожарната служба од Кочани се на терен каде заедно со локалното население водат битка да ја стават под контрола огнената стихија, за да се спасат поголеми штети. Од ТППЕ велат дека пожарите најверојатно се…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Страотен судар на џип и шевролет, тројца загинати

Епилогот на страотната сообраќајна несреќа кај Кадрифаково е три лица загинати, меѓу кои и 15-годишна девојка. Сообраќајната несреќа која денеска околу пладне се случи на автопатот Штип-Миладиновци, во близина на патарината кај селото Кадрифаково зацрни семејство. Според портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова, 15-годишната девојка и 62-годишна жена загинале на самото место, а потоа во Клиничката болница во Штип починала и 37-годишна жена, која имала тешки телесни повреди. Во несреќата учествувале две возила, а покрај загинатите во штипската болница се примени уште четири лица, од кои едно дополнително било пренесено…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Приведен дилер од Кочани

Полициски службеници од ОВР Кочани, вчера во 18:10 часот, го лишиле од слобода Е.Д.(46) од Кочани. -При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Пожар во Хотелот „Центар“ во Виница

Денеска во доцните попладневни часови избувна пожар во Хотелот „Центар“, односно поранешната стоковна куќа лоцирана во центарот на Виница, од каде се креваше густа чад која ги вознемири граѓаните.  Со брза интервенција на противпожарните служби од Виница и од Кочани, пожарот е изгаснат за нешто повеќе од еден час, при што е спречена поголема катастрофа. Засега не се знаат причините за пожарот, како и предизвиканата материјална штета. Се очекува истрагата да го утврди сето тоа. Неофицијално, огнената стихија започнала од делот каде што биле сауната, но за среќа не ги…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Со закана со пиштол решавал недоразбирања кај градската депонија над С.Бели

На 05.04.2023 во 13.30 часот во ОВР Кочани, В.М.(26) од с.Владевци, струмичко, пријавил дека околу 09.45 часот на Градската депонија во Кочани над с.Бели – патот кон ,,Пониква“, едно лице му се заканило со пиштол. За настанот бил запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

Прочитај повеќе