КОРИСНО 

Детско игралиште во Грдовци

Во непосредна близина на Подрачното училиште „Никола Карев“ во Грдовци, Општина Кочани во соработка со службите од КЈП „Водовод“, оформи детско игралиште. Поставени се реквизити за игра, хортикултурно е уредена околината и се засадени високостеблести дрвца. Уредувањето на овој простор претставува нова корисна содржина наменета за најмладите од Грдовци.

Прочитај повеќе
КОРИСНО 

Прошетка за промоција на пешачењето

Општина Кочани и Извидничкиот одред „Ластовица“, под мотото Пешачењето е здравје, ја реализираа рекреативната прошетка од градскиот плоштад до излетничкото место Гоцева Шума. Во прошетката се вклучија претставници на Здружението за борба против рак на дојка и сите други видови рак „Борка – за секој нов ден“, членови на  кочански планинарски и еколошки друштва, граѓани поддржувачи на здравиот живот, лекари специјалисти, членови на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. На љубителите на пешачењето им се придружи и градоначалникот Љупчо Папазов.  За прошетката од Градскиот плоштад до Гоцева Шума се користеше…

Прочитај повеќе
КОРИСНО 

300 багреми ќе го украсат патот кон Пресечена скала

Успешно е реализирана уште една еколошка граѓанска иницијатива. Жители на населбата Усова Чешма засадија 300 млади багреми долж улицата „Мишо Арсов“. Оваа улица, која неодамна беше асфалтирана, го спојува овој дел од градот, преку месноста Пресечена Скала со главниот пат до селото Гратче.Мотивирани од новата сообраќајница којашто им ја олеснува и скратува комуникацијата со руралниот дел, жители од овој дел на Кочани го озеленија овој потег и од двете страни на улицата. – Ова е уште еден убав гест кој е за поздравување и кој покажува дека граѓаните се свесни…

Прочитај повеќе