ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ 

Семејството Стаменкови од Соколарци едвај врзуваат крај со крај

Без пари и без елементарни услови за живот живее седум членото семејство Стаменкови од село Соколарци , општина Чешиново Облешево . Во трошна куќарка, без огрев и без услови за греење , едвај врзуваат крај со крај. Никој не е вработен, а живеат со негата која ја земаат за 7- годишниот син кој боледува од церебрална парализа. Трите ќерки одат на училиште, две во СОУ„ Гошо Викентиев„ кое плаќа вонредни испити на едно од девојчињата, а третото во ОУ „Св.Кирил и Методиј„ , но неможат редовно да следат онлајн настава…

Прочитај повеќе
ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ 

Полицајците даруваа крв

Денеска во Полициската станица во Кочани се одржа последната крводарителска акција за оваа календарска година. Согласно годишниот план за работа оваа е трета крводарителска акција, а на неа крв даруваа 21 полициски службеници. -Радува податокот дека голем број од полициските службеници кои се пријавени да даруваат крв се млади колеги коишто неодамна се вработени во ПС Кочани, инфомираше Санде Спиров Крводарителската акција се спроведе со почитување на сите мерки за заштита и спречување на ширење на коронавирусот .

Прочитај повеќе
ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ 

Апел за помош на Марија Стојкова

Почитувани, На Марија Стојкова неодамна и беше дијагностициран карцином на белите дробови и итно е потребно понатамошно лекување во Дубаи ОАЕ. Првите симптоми се појавија во ноември 2019 година. Лекарите сугерираат дека таа треба да започне со хемотерапија заедно со други лекови. Ве молиме, помогнете ни да ја постигнеме нашата цел и да помогнеме во спасувањето на млад живот и убава душа. Поради пандемијата во целиот свет, Марија остана без работа во Дубаи каде што живее и во моментот. Таа не е во можност да обезбеди средства за нејзино лекување.…

Прочитај повеќе
ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ 

Апел за помош на Симон Тодоров

Јас, Симон Тодоров од Кочани, на 15 годишна возраст ненадејно ми се појави болета DG: Tu cavum nasi lat sin (angiofibroma juvenile’), тумор на крвните садови. За мојот здравствен проблем потребна е итна операција во Италија, во болницата Варесе кај проф.Paul Castelnuovo. Затоа ве повикувам и замолувам сите хумани граѓани и фирми, да ме помогнат да ги соберам паричните средства од 47.500 евра за да можам да заминам на операција и да му е радувам на животот. Донаторска сметка: Шпаркасе банка (250-0230002647-21) Граѓаните може да донираат парични средства и во…

Прочитај повеќе