Зимата „пролетна“, а пролетта …?

Крајот на 2023 и почетокот на 2024 година повеќе ги карактеризираат пролетни отколку зимски временски услови, па наместо снег и мраз, Кочанската Котлина е облеана со сонце кое овозможува температури од над 15 Целзиусови степени. Ако е така среде зима, што може да се очекува натпролет, е главната дилема.

Дел од синоптичарите најавуваат продолжена зима во март и април со температури пониски од просечните за тој период од годината. За јануари и февруари се прогнозираат надпросечни врнежи од дожд и снег, што ќе донесе и пониски температури, кои ќе го доловат зимскиот амбиент.

Сподели: