ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Акумулациите се полнат, сеидбениот план со проблеми

Во моментот во Калиманци се акумулирани безмалку 90.милиони кубни метри вода, што е само 30 милиони под максималниот капацитет од 120 милиони кубици вода. Со оглед на фактот дека до пуштањето на водата од акумулациите во хидросистемот Брегалница, преостануваат цели два месеца, состојбата е мошне оптимистичка. Особено ако подолго се задржи дотокот од 10 м3 вода која се влева во езерото, што може да се очекува, поради залихите од снег на планините долж течението на реката Брегалница и другите притоки. Тоа што вода за овогодишната наводнителна сезона ќе има доволно,…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

„Нашите“ и „вашите“ ги срушија цените

Колку политиката е навлезена во земјоделието, односно меѓу земјоделците, потврдуваат активностите на разни здруженија и иницијативни одбори и нивниот пристап кон решавањето на краткорочните и долгорочните проблеми. Практично, кога една политичка опција е на власт, истата не преговара и не се договара со земјоделските здруженија кои се наклонети кон другиот политички блок, и обратно, со цел да се избегнат непријатните критики. Но така се добиваат нереални претстави за состојбите, на пример со оризопроизводството, поради што губи мнозинството земјоделци и развојот на оваа специфична земјоделска култура. Различното гледање на проблемите беше…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Штетите од поплавите проценети. Земјоделците ќе поделат 27.648.779 денари ?

Збирните резултати за проценетите штети по видови на посеви и готови приозводи, на ниво на општина Кочани согласно Единствената методологија, за процени на штети, ќе бидат на дневен ред на наредната седница на Советот, од каде, ако бидат усвоени, ќе бидат доставени до Државната комисија. Вкупната штета што ја претрпеа земјоделците и земјоделски фирми од поплавите, на ниво на општина Кочани, е проценета на 27,648,780 денари. По населени места во Катастарската општина Грдовци штети претрпеле 79 земјоделци, со претрпена вкупна штета од 6. милиони денари. Во Горни Подлог, 41 земјоделец…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Земјоделците со механизацијата на протест в Сабота

Оризопроизводителите в сабота, на 12. Декември, ќе организираат протест кој ќе го изразат со долга колона од земјоделска механизација, која ќе помине по магистралниот пат од Облешево до Тркање и назад. Преку протестот тие сакаат да го искажат своето незадоволство од актуелната политика во земјоделието, посебно во оризопроизводството, првенствено во делот на откупните цени, кои есенва се движат помеѓу 15 и 20 денари за килограм арпа, во услови кога производата цена според земјоделците, изнесува 18 денари за килограм. Организаторите најавуваат дека и овој протест има предупредувачки карактер, со надеж дека…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

А на нас зобнико …

А што му преостанува на еден вреден земјоделец кој сеуште не си ги земал парите за ланскиот ориз од откупувачите, освен симболично да констатира дека му преостанува да работи „како вол за слама“. -На едните ваучери, за други трето, а за нас зобнико … (Зобник е еден вид кесе во кое се става овес или јачмен, за коњот или магарето да се подхранат пред потешка работа), вели револтираниот Здравко од Спанчево. Човекот обработува десетина хектари со ориз и произведува над 50 тони оризова арпа. Незадоволен од откупната цена на преработувачите…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Зимска заштита за богат род

Градинарите и овоштарите започнаа со заштита на земјоделските култури во пресрет на студените зимски денови. Во втората половина на декември, дневните и ноќните температури главно имаат минусни вредности, при што овошките преминуваат во период на зимски одмор. Во такви услови овоштарите може да го искористат зимскиот период за да ги извршат заштитни активности. Кај помалку искусните овоштари секогаш стои дилемата што треба да се направи.Во основа зимските, па и сите останати третирања против болести и штетници, не би биле доволно ефикасни, доколку физички не се отстранат гнездата во кои презимуваат гасениците…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Врнежите (привремено) ги спасија стрништата

Само мал број земјоделци го злоупотребија сушниот период пред најавениот дожд и снег, кои од вчера започнаа да врнат, за да ги запалат стрништата со се сламата во нив, во оризовите плоња. Во денови на викендот задими од неколку локации во кочанските оризови полиња, главно во чешиновско-облешевскиот реон, каде пламените јазици се гледаа и во ноќните часови. Сепак, оваа есен изостанаа масовните палења, што е знак дека колективната свест за штетите од опожарување на полињата се подигнува на повисоко ниво. Проблем сепак е фактот дека сламата остана во нивите несобрана,…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Политиката ќе го изеде и оризот

Колку политиката е навлезена во земјоделието, односно меѓу земјоделците, потврдуваат активностите на разни здруженија и иницијативни одбори, и нивниот пристап кон решавањето на краткорочните и долгорочните проблеми. Практично, кога една политичка опција е на власт, истата не преговара и не се договара со земјоделските здруженија кои се наклонети кон другиот политички блок, и обратно, со цел да се избегнат непријатните критики. Но така се добиваат нереални претстави за состојбите, на пример со оризопроизводството, поради што губи мнозинството земјоделци и развојот на оваа специфична земјоделска култура. Различното гледање на проблемите беше…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Со 20 денари за кг арпа, други мерки ќе нема

За викендот заменик министерот за земјоделство Трајан Димовски во Штип соопшти дека цената на оризовата арпа во моментов е околу 20 денари, и дека доколку се спушти пониско ќе имало простор за разговор со оризопроизводителите. Притоа, нагласувајќи дека како ресорно Министерството се отворени и комуникацијата со оризопроизводителите е постојана. Тој е против, како ќе стигнува производството, постојано да се бараат интервентни мерки затоа што цените варираат на пазарите. Димковски истакна дека проблемот со откупната цена на оризот се провлекува наназад десет години, а минатата година оризопроизводителите имале драстично зголемување на…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Министерот Хоџа меѓу оризопроизводителите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа вчера престојувал во Кочани, каде остварил средба со градоначалникот Николчо Илијев, а заедно се сретнале со земјоделци и го посетиле Институтот за ориз и една оризопреработувачка фирма. Во штурата и површна информација што ја пренесува порталот Бриф, стои дека двајцата соговорници разговарале за зајакнување на посветеноста на двете институции во правец на зголемување на производството на оризот, како култура која го обележува овој регион. Министерот Хоџа изразил подготвеност за заедничко делување на институциите, оризопроизводителите и откупувачите во заеднички интерес. При посетата на…

Прочитај повеќе