ПОЛИТИКА 

Утре,митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани и трибина за младите

Почитувани, медиуми, почитувани сограѓани Изминативе 7 и пол години се можеби најтешките години за Македонија. Порази на секој чекор, понижување на меѓународен план и дома, инфлацијата го изеде и онака нискиот стандард, учениците ни учат без учебници, болните се лечат без лекови, правда никаде… Наместо претседател, имавме статист, човек кој секојдневно си противречеше сам на себе и наместо став добивавме само констатации. Ветуваа живот, а донесоа само корупција, криминал, сиромаштија и неправда. Доста беше, одсега бираме иднина каква што заслужуваме. Иднина која што треба да биде горда. Гордана Силјановска Давкова…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани

Почитувани сограѓани, Ромската заедница во нашата општина со децении се соочува со сериозни проблеми кои го отежнуваат секојдневието, за што јавноста е добро запознаена. Немањето на детален урбанистички план за овој дел од градот беше главна причина ромското население да нема елементарни услови за живот, како добивање на одобренија за градба за сопствени живеалишта, водовод, канализација, улици… Денес, по неколкугодишната изработка на ДУП за Градска четврт 5, се доби шанса овој дел од градот да добие урбан лик како што доликува и нашите граѓани да добијат достојни услови за живот.…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Божиќна честитка од градоначалникот Љупчо Папазов

Во пресрет на големиот христијански празник, Рождество Христово – Божиќ, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов до верниците од православната вероисповед упати божиќна честитка во која се вели: „Почитувани сограѓани, Посакувам овие празнични моменти и денови да ви донесат многу здравје, радост и среќа во вашите семејства, а духовниот мир и меѓусебното разбирање да царуваат во вашите срца. Божиќ е најрадосниот христијански празник, празник на Христовото раѓање и токму оваа светлината нека биде водилка низ животот во градењето на вистинските христијански вредности, додека Бадник е предвесник на големиот христијански ден,…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Информација од КЈП „Водовод„Кочани

Во рамките на една од програмите на германската непрофитна организација Engagement Global , делегација од Општина Кочани имаше можност да земе учество во проектот за локална размена помеѓу С.Р. Германија и Р. Македонија, којшто се спроведува од организациската членка на Engagement Global , Сервисната агенција – општини во еден свет (SKEW – Servicestelle Kommunen in der Einen Welt), а во име на Сојузното министерство за економска соработка и развој на Германија. Целта на проектот е стручна размена на искуства и практики за развој и зајакнување на капацитетите на локалнaта соработка…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Работилница за препознавање и превенција од родово базирано насилство меѓу децата 

Како дел од кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, Општина Кочани, преку заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа – РОМАКТЕД фаза 2, реализираше работилница на тема „Како да го препознаеме и да превенираме родово базираното насилство меѓу децата“.  Во интерактивна комуникација со ученици од шесто до деветто одделение од ОУ „Раде Кратовче“, едукатор од UN Women разговараше за формите, мотивите и начините на препознавање на родово базирано и семејно насилство.  Низ примери од секојдневниот живот учениците покажаа дека умеат да препознаат насилство што доведува до физичка, сексуална, психичка или…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се  асфалтира улицата „Александар Митев“ во селото Тркање

Во тек е асфалтирањето на улицата „Александар Митев“ во селото Тркање. Улицата е долга 520 м, со ширина од 3,5 до 5 м. Градежните работи ги изведува фирмата „Коле транс“, како избран економски оператор. За асфалтирање на оваа улица се обезбедени 2.332.000 денари од Буџетот на Општина Кочани.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Хуманитарна акција и културнo-забавна програма по повод Денот на лицата со попреченост

Со пригодна културно-забавна програма и хуманитарна акција, денеска, во Спортска сала,  Општина Кочани го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Настанот го отвори градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој истакна дека потребите за лицата со попреченост секогаш се во видикот на Општина Кочани и се проследени со настојувањата соодветно да се одговори на нив. – Токму  во тој контекст е и денешнава хуманитарна акција под  мотото „Без бариери“ со која сакаме да помогнеме СОУ „Гошо Викентиев“ да  добие решение за движење по скалишниот простор и за учениците со…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Мајка од Кочани пријавила дека и исчезнала нејзината тринаесетгодишна ќерка

На 01.12.2023 во 09.15 часот во Полициската станица Кочани, З.Н.(32) од Кочани пријавила дека на 27.11.2023 од домот се оддалечила нејзината ќерка Б.Н.(13). Според пријавеното, набргу потоа, таа испратила порака на родителите да не ја бараат и дека ќе оди во странство. Малолетничката неколку пати досега се оддалечувала и враќала во семејниот дом. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Кочани останува во најтранспарентните општини според индексот на фискална транспарентност 

Според истражувањето на фискалната транспарентност на општините, реализирано во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, Општина Кочани и во 2023 година останува во групата најтранспарентни општини и го следи општиот тренд на постојано подобрување.  Во фискалната 2022/23 година, Општина Кочани се вбројува во категоријата на  десетте најтранспарентни општини со максимален број индексни поени за буџетска транспарентност, со раст од еден индексен поен во однос на претходната година. На скалата од 1 до 16, Општина Кочани во фискалната 2021/2022 имала 15, додека во 2022/23 –…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 28 ноември – Младинска крводарителска акција во Кочани

На 28 ноември – Младинска крводарителска акција во Кочани Црвен крст на Република С. Македонија – Општинска организација Кочани во соработка со СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Гошо Викентиев“ во вторник на 28 ноември ќе ја реализира предвидената младинска акција за дарување на крв. Акцијата е наменета за сите средношколци над 18 години, студенти и млади лица и ќе се реализира во периодот од 9 до 14 ч. во просториите на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани. -Акцијата е 17 по ред што се реализира во тековната година, а втора акција…

Прочитај повеќе