ОПШТИНА КОЧАНИ 

Пуштен во употреба локалниот пат од Оризари до манастирот „Пресвета Богородица“ во Добра Вода

На празникот на Оризари, Свети Атанасиј, официјално беше означена завршената изградба на локалниот пат од Оризари до манастирот „Пресвета Богородица – Балаклија“ во месноста Добра Вода. Реализацијата на оваа сообраќајна врска којашто поврзува населено место со туристичка локација, со своето присуство ја поздравија заменик-претседателот во Владата на РС Македонија Љупчо Николовски, министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски Оливер Спасовски и Благој Бочварски, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски и директорката на Центарот…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Одговор на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани сограѓани, Срамно и цинично е коментирањето на ДПНЕ за реализација на модуларната болница во Кочани бидејќи токму тие не го потпишуваа кредитот со Светска банка со кој се реализира изградбата на овие болници во август, како дел од техничката влада. Во Кочани, реализацијата на овој проект се одвива според предвидените рокови, фундаментот е поставен и веќе од следната недела, модулите ќе пристигнат на локацијата. Министерството за здравство го следи целиот процес и за неполн месец модуларната болница ќе биде оперативна. Локацијата е утврдена поради потребата да биде врзана со…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ОК ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ : Динамика во здравството или само обичен ПР?!

Неспособноста на оваа влада предводена од СДСМ да се справи со Корона кризата е пресликана и на локално ниво во Општина Кочани. На 21 јуни, 2020-та година, градоначалникот Илијев и директорот Серафимов, помпезно го најавија проектот монтажна модуларна болница која требаше во тој период да биде од најголема итност за граѓаните од Источниот регион. И додека во најголемот пик на Корона, за само 4 месеци, во Република Србија беа изградени две Ковид болници по сите светски стандарди, со врвна опрема и дијагностика, кај нас на неспособната власт им требаа 7…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Со подобрување на полските патишта до добра земјоделска пракса и поздрава животна средина

Изградбата на земјоделски патишта во Кочанско е пред почеток. Претпријатието „Калина“ од Оризари е изведувач којшто ќе работи на порамнување, тампонирање, подобрување на тлото и изградба на пропусти на 14 км полски патишта. –Поддршката во подобрувањето на земјоделската инфраструктура на подрачјето на Кочани е една од мерките на единицата на локалната самоуправа со која се создаваат услови за полесна работа на земјоделските производители, со крајна цел – да се намали палењето на жетвените остатоци.Наша цел е да помогнеме во надминувањето на проблемите при собирањето на сламата со примена на добри…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Работењето рационално, бројот на вработени намален

Соопштение до јавноста од КЈП „Водовод“, како одговор на пресот на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани граѓани, Наместо одговор на прес-конференции на политички партии, сакаме јавноста да ја запознаеме со работењето на КЈП „Водовод“, а истовремено да ја истакнеме потребата од проверката на точноста на одредени информации, пред тие да бидат објавени. Сите податоци со кои располага КЈП „Водовод“ се официјални, не се никаква тајна и се достапни за увид, додека неточно објавените податоци, претставуваат манипулација со јавноста. Цената на водата за пиење за сите јавни комунални претпријатија се утврдува од страна на…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Слога 1934“ со минимален пораз од „Дрита“ во Тетово

Во рамки на подготовките за пролетниот дел од првенството во Втората фудбалска лига Исток, екипата на Слога 1934 денеска го одигра првиот контролен натпревар, против „Дрита“ во Тетово. Виничани претрпеа минимален пораз од 1:0, во натпревар во кој резултатот беше во втор план. Тоа што е битно во оваа фаза од подготовките е мошне добрата физичка подготвеност на фудбалерите, кои на лошиот терен прикажаа завидна борбеност и ангажираност во сите линии. Фактот дека во игра влегоа сите расположиви фудбалери ја потврдува намерата на шефот на стручниот штаб Крсте Крстев да…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Бурни или мирни попис и избори ?

Одминува првиот месец од една од најбурните години во очекување, во плуралистичка Македонија. Година во која граѓаните на оваа држава ги очекува политички предозираниот попис, а наесен и редовните локални и градоначалнички избори, можеби заедно со нови предвремени парламентарни. Во меѓувреме, претстои финалната пресметка со Ковид 19, но и отворањето нови фронтови против новите соеви на вирусот кој доведе до нова реалност и ново поимање на животот, во сите негови сегменти. Последица на таквата реалност се промените на навиките на луѓето, наместо да гледаат далку напред во иднината, да и…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ОК ВМРО ДПМНЕ – Кочани: Нови вработувања во администрација во време на рецесија

Додека Република Македонија и официјално е во рецесија, во КЈП,,Водовод”- Кочани во постојан пораст се цената на водата и бројот на вработените! Наместо рационализација- комуналното претпријатие служи само да испорачува и наплатува огромни сметки од кочанчани а средствата наместо за унапредување на инфраструктурата за жал ги користи за вработување на партиски кадри. Како за компарација, почетокот на 2017-та година цената на водата е 35,5 денари за физички лица, додека веќе 2020-та е скоро 40 денари, поточно денес 39.92. Од друга страна, ако го гледаме бројот на вработени, во 2017-тата имаме…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Работна средба на директорите на кочанските училишта со градоначалникот Илијев

На почетокот на второто полугодие, директорите на основните и на средните училишта во Кочани одржаа работна средба со градоначалникот Николчо Илијев. На средбата се анализираа резултатите и проблемите во првото полугодие од  2020/21 година и состојбата за реализација на наставата во второто полугодие. Регистрираните отсуства на учениците при физичко присуство и на настава од далечина, во некои основни училишта беа определени како своевидни проблеми произлезени од родителите, а не од учениците. Притоа беше истакната потребата од  вклучување на  граѓанскиотсектор со цел да се влијае на јавното мислење за односот на…

Прочитај повеќе
ЗАНИМЛИВОСТИ 

Кафето – уживање, лек, стабилизатор …

За неговото величество, кафето се верува дека умерената потрошувачка од 3 до 4 филџани во едно деноноќие, се корисен и значаен фактор за продолжување на животот. Практично, пиењето кафе секој ден всушност има позитивно влијание врз вашето тело, иако има и такви тези дека оваа напивка се поврзува и со негативни ефекти. Со редовната конзумација на кафе се намалува ризикот од дијабетес тип 2, позитивно влијае кај луѓето со Паркинсонова болест, деменција, цироза и рак на црниот дроб и матката. Но, за антиоксидансите од кафето навистина да делуваат, неопходно е…

Прочитај повеќе