ЕКОЛОГИЈА 

„Пејпер мил„ поставија нов вреќест филтер за прочистување на воздухот

–Пејпер Мил информира декае комплетирана последната фаза од поставувањето на вреќестиот филтер за прочистување на воздухот на фините честички прав во фабриката. Вреќестиот филтер всушност претставува гломазен контејнер од 8,50м должина, 3,50м височина и 2,50мширочина со над 130 таканаречени „ракави“. Филтерот се поставува со цел да ги прочисти и најситните честички прав, а со неговото поставување тројноќе се намали емисијата на ПМ честички, дури три пати под дозволеното ниво со А Интегрираната дозвола која ја поседува фабриката, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање. Со тоа емисиите во…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Средба Пејпар Мил – Здрав Живот

Одборот за Здрав Живот во Кочани оствари средба со раководството на фабриката за рециклирање на хартија Пејпер Мил од Кочани Кочани, 13 февруари 2021г. – На покана на „Пејпер Мил“ од Кочани, претставници на Одборот за Здрав Живот во Кочани остварија средба со претставници на менаџментот на „Пејпер Мил“ фабриката за рециклирање на хартија. На средбата се разговараше за ставовите на невладините организации и за идните планови за можно рестартирање на фабриката. Менаџментот на „Пејпер Мил“ информираше дека фабриката во целост ја почитува одлуката на Инспекторатот за животна средина и…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Пајпер Мил не работи, Кочани со 93.3199 мг/к3 ПМ 10 честички загаденост

Утрово над Кочани и Кочанската Котлина се формира слој од чад, кој сведочи за загаденоста на амбиенталниот воздух. Тоа го потврдува и апликацијата која го мери квалитетот на водзухот во државава, на која утрово стои дека концентрацијата на ПМ 10 честичките изнесува 93.3199 мг на кубен метар, што е далеку над дозволената граница, и знакот е обоен во темно жолта боја која покажува висока загаденост. Ако сето тоа се случува во период кога капацитетите на Пајпер Мил, кој беше посочуван за главен загадувач, не работат, а од оџакот на излегува…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Ќе поскапи ли лебот, и колку?

Дали Ковид кризата ќе предизвика зголемување на цените на лебот и на прехранбените продукти, и за колку, е суштинското прашање кое во последно време со доза на загриженост си го поставуваат граѓаните. Стручњаци од пекарската индустрија велат дека производителите на леб сами ќе го определуваат поскапувањето на лебот и очекуваат тоа да се движи од 25 до 30 проценти. Според овие проценки, лебот кој сега се продава по 25 денари за килограм, може да достигне цена од 30 денари за килограм. Тоа значи дека едно четиричлено семејство на кое дневно…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Кочани ја доби битката со Пејпар Мил, што е со другите загадувачи?

Кочанци ја добија првата еко-битка во војната против загадувањето на амбиенталниот воздух и животната средина. По протестот и притисокот што го извршија кочанчани поради загадувањето од оџакот на Пејпар мил, беа спроведени мерења од надлежна лабораторија, чии резултатите покажаа дека емисиите на загадувачки материи се над дозволените и ги надминуваат пропишаните гранични вредности. Поради тоа, на 5-ти јануари фабриката доби наредба да го прекине работењето на котелот на пелети, анаместо него во процесот на производство да употребува само плин. Ваквиот режим на работење Пејпар Мил да го применува се додека…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Сламата во пламен-опасно се заканува

Ниту формални проекти финансирани со странски пари, ниту апели, ни казнени мерки го запираат палењето на сламата и стрништата во полињата во кочанско. Вчера и денеска и преку ден, и ноќе, пламени јазици се шират на неколку локации, кои прават комплексна штета, пред се еколошка, потоа материјална, а на крај и човечко морална. Насловната фотографија е направена вечерва во атарот на селото Грдовци, и тоа на оддалеченост од 4-5 километри. Денеска и вечерва постојано се слушаат сирени на противпожарната служба, која речиси два дена е ангажирана на гаснење на огнената…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Кочани ја загуби еко-битката, минихидроцентралата на Мала Река ќе се гради

Додека актуелната и претходната власт меѓусебно се обвинуваат кој е повеќе а кој помалку крив за издадените дозволи и други пропусти за изградба на мини хидроцентралата на Мала Река, Кочани губи уште една еколошка битка. Времето кое е пропуштено, додека инвеститорот еден по еден си ги комплетирал документите, што на државно, а што на локално ниво, сега е ненадоместливо. Што вели народот, возот отишол. А пораз, како секој пораз-боли! Иронијата да биде поголема, во годината кога Осоговските Планини се прогласени за заштитено подрачје, надлежните не успеаја да ја заштитат. Тоа…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Кочанчани најодлучно им се заканија на загадувачите … или ние, или вие.

Најмасовно и најодлучно до сега, денеска граѓаните на Кочани излегоа на протест против најголемиот загадувач на воздухот од страна на Фабриката Пајпер Мил и побараа истата да обезбеди соодветна заштита, или да биде затворена. Ова е последна опомена за сопствениците на Бугарската компанија, која стои зад фабриката, бидејќи наредниот чекор ќе биде целосно блокирање на капацитетите, извикуваа говорниците и присутните. Некои од нив посочувајќи дека вината за работењето и загадувањето на Пајпер Мил е во институциите во општината и државата. Говорниците укажаа на досегашните активности организирани со цел спречување на…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Првите мерења открија уште два загадувачи …

Ќе го реши ли Кочани проблемот со загадувањето, е круцијалното прашање кое граѓаните си го поставуваат секој ден, гледајќи го замаглениот воздух и дишејќи ги штетните ПМ !) и разни други честички. Додека чекаат одговор ги следат секојдневните податоци од мерењата на квалитетот на воздухот, според градот котира во самиот врв на најзагадените во државата. Ако е за утеха, фирмата „Еуромак контрол“ по двомесечни мерења утврди дека освен Пејпар Мил, загадувале уште четири фирми во индустриската зона. Првите извештаи добиени со мерката за контрола, анализа, следење и информирање за квалитетот…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Еко-скандал: Галовеј ни го виде ѓубрето

Своевидна доза на еко-скандал ја одбележа денешната посета на амбасадорката на обединетото кралство Рејчел Галовеј, на Пониква, каде непосредно покрај паркингот околу контејнерите стоеја расфрлани купишта смет. Тешко дека слаткоречивоста на градоначалникот Илијев ќе и ја избрише грдата слика на високата гостинка, која посака пак да дојде на Пониква. Движејќи се по асфалтниот пат кон Инфо центарот на Пониква, амбасадорката на Обединетото кралство Рејчел Галовеј, мораше да помине покрај купот од ѓубре расфрлано до самиот паркинг пред Одморалиштето и неизбежно да ја забележи грдата слика, воедно и нашиот срам. А…

Прочитај повеќе