Екологија 

Жестоки дискусии против загадувањето

Во речиси полната сала на Мултикултурниот центар во Кочани вечерва се одржа Јавната трибина за загадувањето на воздухот, водата и почвата што ги предизвикува Фабриката за рециклажа на отпадна хартија Пејпар Мил. Активисти на иницијативата за чист воздух и други присутни изнесоа редица аргументи кои сведочат за загадувањето, искажувајќи притоа лични искуства од секојдневието во изминатите години. Во активностите за здравјето на најблиските и на граѓаните во целот, како што рекоа, нема да отстапат никако, а ќе ги искористат сите демократски и правни инструменти и регулативи за да ја добијат…

Прочитај повеќе
Екологија 

Кочани пак меѓу најзагадените – од што?

ИАКО ДОЖДОТ БИ ТРЕБАЛО ДА ГО ПРОЧИСТИ ВОЗДУХОТ, И ИАКО ОЏАКОТ НА „ПЕЈПАР МИЛ“ НЕ ЧАДИ, БИДЕЈЌИ ФАБРИКАТА НЕ РАБОТИ, КОЧАНИ ДЕНЕСКА ПРЕТПЛАДНЕ, СПОРЕД ПРИСУСТВОТО НА ПМ10 ЧЕСТИЧКИ НА М3, БЕШЕ ВТОР ГРАД ВО ДРЖАВАТА ПО ЗАГАДЕНОСТ. КАДЕ Е, КОЈ ТРЕБА ДА ГО ЛОЦИРА И КАКВИ СТРАТЕГИИ И МЕРКИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРОБЛЕМОТ? Еве што е збунувачко во ситуацијата со загадувањето во Кочани. Денеска, кога воздухот би требало да е прочистен од врнежите од дожд, и кога оџакот на Пејпар Мил не чади, Кочани е втор по загаденост,…

Прочитај повеќе
Екологија 

Пејпар Мил: Фабриката работи според прописите

Кочани, 5 март 2022г. – Пејпар Мил повторно потенцира дека работи целосно согласно А интегрираната дозвола издадена од страна на Министерството за животна средина, а сите мерења од реномирани акредитирани светски лаборатории направени од април минатата година до февруари оваа година покажуваат вредности на димна прашина далеку под нормите. Тоа го утврдија и контролите на надлежниот инспекторат. Оттука, Пејпар Мил не може да ги прифати неаргументирани и субјективни тврдења кои ги изнесуваат поединци во влијанието на Пејпар Мил врз животната средина. Во А интегрираната дозвола фабриката сосема прецизно е наведено…

Прочитај повеќе
Екологија 

Сите мерења на емисиите, под границите на дозволеното

– Пејпар Мил ја информира јавноста дека сите мерења на емисиите од фабриката извршени од страна на акредитирана лабораторија во месеците септември, ноември и декември 2021 година, како и Јануари годинава покажуваат вредности на емисии на количество на прав во димните гасови во воздухот до дваесет пати пониски од нормата. И Инспекцијата на Државниот инспекторат за животна средина преку Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Североисточен и Источен регион, Канцеларија во Штип направена во октомври 2021 година утврди дека Пејпар Мил користи био-гориво од сончогледови пелети за целиот технолошки процес.…

Прочитај повеќе
Екологија 

Вечерва Кочани е најзагаден град

Енормна загаденост на воздухот со ПМ10 и ПМ2,5 честички вечерва покажуваат мерните инструменти на апликацијата Квалитет на воздухот во Македонија, на Министерството за животна средина. На мапата Кочани е обоено со темна боја, која значи висока загаденост, а бројките се загрижувачки, бидејќи достигнуваат над 970 мг/м3. За споредба во вообичаено најзагадените градови, како Скопје, Тетово и други, бројките кои го покажуваат присуството на ПМ честички во воздухот е драстично помал, дури неколку десетици пати пати помалку. Прашањето е од каде доаѓа алармантната загаденост на воздухот. Првиот сомнеж е во оџаците,…

Прочитај повеќе
Екологија 

Поддршка од ДОМ за референдум за Мала Река

ЗЕЛЕНАТА ПАРТИЈА ДОМ БАРА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ДА ГО СТАВИ НА ГЛАСАЊЕ ПРЕДЛОГОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ГРИН.ОРГ“ ЗА РАСПИШУВАЊЕ РЕФЕРЕНДУМ ЗА МИНИХИДРОЦЕНТРАЛА НА МАЛА РЕКА, ЗА СОВЕТНИЦИТЕ ДА СЕ ПРОИЗНЕСАТ ПО БАРАЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ. СО НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ ЗА МАЛА РЕКА СЕ ПРОИЗНЕЛА И АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА И ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ НА РСМ. Силна поддршка доби здружението на граѓани „Грин.орг“ од Кочаним од Зелената партија ДОМ, која и се придружува на граѓанската иницијатива во Кочани за распишување на референдум за изјаснување на граѓаните на Кочани за изградба на мала хидроелектрана на…

Прочитај повеќе