РЕГИОН 

Величествен собор во Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Пресека

Над илјада верници од расфрланите села и маали на Осоговието, од Оризари, Кочани, Виница и Македонска Каменица, како и многубројни иселеници кои токму за празникот Успение на Пресвета Богородица, се собраа на народниот собор во кругот на истоимениот манастирски комплекс, во селото Пресека, за да го прослават големиот христијански празник и да се помолат за здравје и духовна заштита. По прашливите осум километри пат се движеа колони возила, кои ги запоседнаа ридчињата околу манастирот, создавајќи ретко убава празнична атмосфера. Годинава и поголем број кумови ги изложија своите погачи заради осветување…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Наместо риболовно задоволство – рибокрадство

Кој врши недозволен лов на риба во вештачките езера и во реките во регионот, за таа да стигне до пазарите и да се нуди на продажба по цена од 160 до 200 денари за килограм. И зошто доцнат концесиите кои државата треба да им ги додели на концесионерите, за тие да стопанисуваат со рибниот фонд. Ова се прашања кои си ги поставуваат спортските риболовци, но само во неофицијални разговори, бидејќи јавно никој не сака да си создава проблеми за работи за кои некои се платени, а не си ја вршат…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Невремето собори дрвја и блокираше патишта

Краткотрајно невреме со силен ветер денеска околу 17,30 часот ги зафати Кочани и Виница при што предизвика проблеми во сообраќајот, електричното напојување, како и други помали штети на инсталации и објекти. Под налетот на ветерот паднаа дрвја покрај патишта и на самите коловози, со што времено го блокираа сообраќајот на повеќе сообраќајници. Во Кочани противпожарната служба и екипи на КЈП Водовод интервенираат на влезот во градот од правец на Виница, потоа кај Основниот суд, на излезот кон Штип и на повеќе споредни улици. Во Виница невремето собори голем број дрвја,…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Царев Врв – меѓу петте најголеми ски центри на Балканот !?

На 23 јуни 2023 година градоначалниците на општините што гравитираат околу Осоговските Планини: Кочани, Пробиштип, Македонска Каменица, Крива Паланка и Кратово; министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и центрите за развој на Источниот и на Североисточниот плански регион потпишаа меморандум за соработка кој ќе овозможи користење на средствата од Програмата за рурален развој на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за подготовка на потребната документација за изградбата на ски-ресорт на Царев Врв. Станува збор за капитална инвестиција која во овој момент е препознаена како стратегиски приоритет на државата, но и…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Реките се излеваат, поплавени дворови и ниви

Честите и на моменти обилни врнежи од дожд вчера и денеска веќе предизвикуваат посериозни проблеми по течението на реките и во поедини села во рамничаркиот дел од општината. По коритата на помалите реки, Кочанска, Оризарска, Осојница, Зрновска денеска се измерени по 4 до 7 м3 вода во секунда, која кога ќе се слее во Брегалница прави во неа да течат помеѓу 40 и 50 м3 вода во секунда, што е мошне сериозна количина. Од тие причини, таму каде коритото е стеснето, доаѓа до излевање и поплавување на поголеми површини земјоделско…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Кочанските пензионери најтрофејни

НА 27-ТЕ РЕГИОНАЛНИ СПОРТСКИ ИГРИ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ШЕСТЕ ОПШТИНИ ВО РЕГИОНОТ, ЗП КОЧАНИ ОСВОИ НАЈМНОГУ ПРВИ И ВТОРИ МЕСТА, СО ШТО Е НАЈУСПЕШНО ЗДРУЖЕНИЕ. СВОЈАТА ДОМИНАЦИЈА ЈА ПОТВРДИЈА ФУДБАЛЕРИТЕ И КОШАРКАРИТЕ, АТЛЕТИЧАРИТЕ … Здружението на пензионери од Кочани и годинава учествуваше на 27 по ред пензионерски спортски игри што се одржаа во Делчево, каде се натпреваруваа спортисти од шест здруженија во регионот. Постигнатите резултати се мошне добри и се на задоволително ниво, оценува Претседателот на Комисијата за спорт при ЗП Кочани, Крале Спанчевски. Победниците по дисциплини обезбедија учество на…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

ЗП Кочани домаќин на ревија на песни, музика и игри

Денеска во обновената сала на ЦК „Бели Мугри“ во Здружението на пензионери од Кочани беше домаќин на 21 Регионална ревија на песни, музика и игри, која ја организира Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија. На оваа своевидна смотра на традиционалниот фолклор, која ја удостоија претседателката Станка Трајкова и претставници на СЗПМ,  учествуваа шест здруженија од општините Берово, Пехчево, Делчево, Македонска Каменица, Виница и градот домаќин Кочани. Пред музичките настапи, учесниците продефилираа низ центарот на Кочани, привлекувајќи го вниманието на кочанчани со традиционалните носии, музика и песни. Потоа, во официјалниот…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Проектот изгради здрави навики

На Спортските терени „Покрај Масалница“ во населбата Оризари, ЗГ „Среќни луѓе“ од Кочани, го организира завршниот настан од Проектот „Спорт за здрави навики кај младите во Оризари“. Проектот е дел од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2)“, финансирана од Европската унија, а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Поддржан кофинансиски од Општина Кочани. Низ проектот продефилираа над 42 учесници, со што е надминат планираниот број од 34 девојчиња и момчиња.На завршниот настан присуствуваа 33 деца, и четири најавија оправдано одсуство. Активностите организирани според…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Експресниот пат Кочани – Штип во употреба од Понеделник

26. декември е датумот кога по експресниот пат Кочани – Штип ќе профункционира сообраќајот. Поконкретно од понеделник ќе биде пуштена во употреба и втората делница од Кочани до Крупиште, што ќе овозможи возилата експресно да сообраќаат од крајниот исток кон централните делови на државата. На свеченото сечење на лентата ќе присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, како и претставници на јавни претпријатија, градоначалници и други заинтересирани.

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Доброволната планинска спасителска служба потпиша меморандум за соработка со опшините Виница и Зрновци

Денес Претседателот на Доброволната планинска спасителска служба-Осогово, Гоце Исајов и градоначалниците на општините Виница и Зрновци потпишаа Меморандум за соработка и взаемна подршка. Од ДПСС-осогово информираат дека оваа соработка е од големо значење за општините, а воедно апелирам до сите жители на општините Зрновци и Виница кои се заинтересирани и спремни да пристапат како членови на ДПСС-Осогово.

Прочитај повеќе