Шарена пролет со променливо време

Пролетта, според синоптичарите, ќе биде променлива, кога се во прашање температурите и хидрологијата, што е нејзина очекувана карактеристика. Покрај повремените падови, особено на ноќните температури, во текот на април, други позначајни промени не се најавуваат. Дневните температури ќе се движат во интервали од десетина до 30 степени Целзиусови, иако е можно инадминување на горната граница за 4 – 5 степени.

За кочанскиот регион значајно е што временските прилики ќе им бидат наклонети за земјоделците, посебно на оризопроизводителите, бидејќи покрај многу сончеви денови, се најавуваат и повремени, но многу значајни врнежи од дожд, правилно распоредени во двата месеца.

Сподели: