Осогово“ не издржа во Каменица

Во Македонска Каменица „Каменица Саса“ го совлада „Осогово“ со 2:0, дури во финишот на натпреварот, со што останува во трка за првата позиција на табелата. Домаќините имаа теренската иницијатива но јалова, бидејќи „жолто-сините“ успешно се бранеа. Резултатот беше откриен во 81 минута а потврден со втор гол во 87 минута.

Во Виница „Слога 1934“ успеа да го победи „Детонит“, со 2:1 и да остане на челната позиција со бод предност пред конкурентите Победа и Беласицас.

Еве ги резултатите од 21 коло: „Каменица Саса“ – „Осогово“  2:0, „Слога 1934“ – „Детонит јуниор“  2:1, „Пехчево“ – „Кожуф“  1:0, „Беласица“ – „Локомотива“  6:0, „Победа“ – „Братство“  6:0

Прва е „Слога 1934“ со 45 бода. Следуваат „Победа“ и „Беласица“ со по 44, „Каменица Саса“ 43, „Осогово“ 27, „Пехчево“ и „Кожуф“ по 26, „Детонит Јуниор“ 20, „Братство“ 13 и „Локомотива“ 6 освоени бода

Во следното коло „Осогово“ ја пречекува „Беласица“

Сподели: