ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се обновува бојата на оградите во Кочани

Во тек е бојосување на оградите на мостовите и на заштитните огради во Кочани. Со договорот за бојосување огради што Општина Кочани го склучи по спроведена јавна набавка со фирмата „Политехна-компани“ од Кочани, во тек е бојадисувањето на металните огради во Кочани. Активностите започнаа од Двојниот мост. Деновиве екипите работат на мостовите на Кочанска Река, а бојата на оградите ќе се обнови и на мостот на Масалница во Оризари.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Инсталирани фотоволтаични централи на Пречистителната станица

Заврши инсталацијата на фотоволтаичните централи на кровот на Пречистителната станица за отпадни води во Кочани. Во присуство на претставници на фирмите за изведување и за надзор, на Општина Кочани и КЈП „Водовод“,  фотоволтаичните централи со моќност од 440 киловати и 120 киловати беа пуштени во пробна работа.  Инсталацијата на фотоволтаичните системи на Пречистителната станица за отпадни води во с. Мојанци се реализира со проектот „Намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем и искористување на соларната енергија во јавното комунално претпријатие во општина Кочани“, со грант од Центарот за меѓународна соработка и…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 2 мај во Кочани започнува Велигденски хепенинг

На 2 мај, во Градскиот парк во Кочани ќе почне Велигденскиот хепенинг, што го организира Општина Кочани во соработка со стопански субјекти и јавни установи од Кочани. Од 10 ч. ќе се одржи „Велигденски пазар на можности“ на Јавната општинска установа „Павлина Велјанова“ – Кочани, кој ќе биде придружен со музички настапи на ученици од ОУ „Никола Карев“ и ЈОУДГ „Павлина Велјанова“.  ЈОУ Библиотека „Искра“ ќе приреди „Велигденска работилница“, а во знакот на големиот христијански празник ќе има и ликовен перформанс од Школата за цртање при Центарот за култура „Бели…

Прочитај повеќе