Стојов и Мемеди во ГФК „Осогово“

Откако неколку фудбалери си заминаа од таборот на ГФК „Осогово“, управата побрза да јаде соодветни замени и засилувања, при што деновиве е постигнат договор со познатите Стојанче Стојов од ФК „Каменица Саса“ и Екрем Мемеди од ФК „Башкими“ од Куманово. Се работи за проверени и квалитетни фудбалери со кои жолто-сините добиваат на квалитет во организацијата на играта. Тоа особено се однесува на Стојанче Стојов, кој игра меѓу двата шеснаесетника.

Што се однесува до Мемедеи, тој и во сезоната 2021-2022 играше за екипата на Осогово, па одтука се очекува лесно да се вклопи во играта на жолто-сините.

Од раководството на „Осогово“ велат дека се бараат и други квалитетни фудбалери, кои ќе дадат придонес во настојувањето жолто-сините“ напролет да се изборат за опстанок во второлигашкото друштво, но во оваа фаза не се прецизираат и конкретизираат имињата на фудбалерите.

Сподели: