Граѓански иницијативи: ИСТ СТАЖ-ИСТИ ПЕНЗИИ

До Собранието РМ е доставена граѓанска иницијатива за собирање 150 илјади потписи, што ќе овоможи референдумско изјаснување на оваа тема. Народот да се изјасни дали треба да се донесе закон за државна пензија, според кој сите пензионери со ист стаж ќе имаат исти примања. Референдумското прашање би гласело: „Дали сте за или против донесување на закон за државна пензија со која сите пензионери со ист стаж ќе имаат иста пензија, а пензиите согласно стажот ќе бидат пресметани според табелата дадена во прилог.

Предлагачите посочуваат дека висината на државната пензија се пресметува според работниот стаж на пензионерот и висината на просечна плата во Македонија, а во табелата се наведени направените пресметки, базирани на просечна плата од 36 илјади денари. Се однесуваат на стаж од нула до над 35 години, а би им следувала на сите мажи кои наполниле 65 години и на сите жени со 62 годинини.

Лицата со работен век кој надминува 35 години би требало да имаат државна пензија од 27 илјади денари, износ кој се добива кога просечната плата од 36.000 се множи со 0,75 и се добива 27.000 денари. За оние што немаат работен стаж се предвидува сума од девет илјади денари: 36.000 x 0,25 = 9.000. Понатаму се утврдени висините на пензиите: за стаж од 34 години – 26.640 денари, за 33 години – 26.280, за 32 – 25.920, за 31 – 25.560.

Пензиите кои произлегуваат по реализиран стаж до 30 години би се пресметувале со 0,7 проценти од просечната плата, до 20 години со 0,6, до 10 со 0,4 проценти

Граѓанската иницијатива се покренува од повеќе причини: сегашните пензии се неправедни бидејќи во пензија никој нема работни обврски и државата мора да се постави поправедно. Разликата во финансиски средства е поднослива и со мало намалување на администрацијата – остварлива. Тоа го содржи иницијативата доставена до Собранието, чиј овластен предлагач е Страшо Јованов, а на истата се и стоте потписи од граѓани-жители на Велес. Обрасци за собирање потписи се доставени во подрачните одделенија на ДИК во Штип, Крива Паланка, Прилеп и во скопските општини, меѓутоа поради слаба информираност на граѓаните, одзивот е мал.

Сподели: