Граѓаните предлагаа проекти за креирање на буџетот на Општина Кочани за 2025 година
Деновиве, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, се одржа јавна расправа за прибирање предлози од граѓаните за креирање на Буџетот на Општина Кочани за 2025 година. На консултативната средба, граѓани, претставници на урбани и месни заедници и на институции говореа за потреби за реализација на инфраструктурни проекти: водоводна, атмосферска и фекална канализација, општински патишта и улици, јавно осветлување и предлози од други надлежности на единицата на локалната самоуправа определени со закон. Беа истакнати потребите од изградба на Старечки дом, ново решение за Градскиот пазар, изградба на јужен булевар, на…
Прочитај повеќе