Операта „Дидона и Енеј“ во прекрасниот амбиент на Споменикот на слободата

Синоќа, во средишниот сценски простор на Споменикот на слободата во Кочани, во организација на Општина Кочани, Студентскиот културен центар од Ниш ја изведе операта „Дидона и Енеј“.

Музиката за камерната опера „Дидона и Енеј“ е на англискиот музичар и композитор од епохата на барокот Хенри Персел, а академскиот хор при СКЦ – Ниш и камерниот оркестар настапија под диригентство на Зоран Станисављевиќ.

Приказната за Дидона и Енеј потекнува од оригиналниот Вергилиев еп „Енеида“. Камерната опера во три чина е во режија на Кристина Атанасова Арсова.

Ова е првиот настан што се одржа по реализацијата на реконструкцијата на партерниот дел од Споменикот на слободата, со што се враќа улогата на оваа отворена сцена како културно собиралиште

Сподели: