ОБРАЗОВАНИЕ 

Одржана средба, социјален дијалог за унапредување на дуалното образование

Денеска се одржа средба, социјален дијалог помеѓу претставници од Општина Кочани, Министерството за образование и наука, Стопанската комора на Македонија, директорите на двете средни училишта во Кочани и претставници од бизнис секторот од Кочани и Виница, со цел консултации на компаниите и средните стручни училишта за унапредување на дуалното образование и креирање квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот. Социјалниот дијалог се реализираше по спроведената анализа која дефинира јасна слика за постојните профили кои ги нудат училиштата, нивната усогласеност со потребите на компаниите и…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Реновирана наставничката канцеларија во ОУ „Никола Карев“

Денеска беше отворена новата комплетно реновирана наставничка канцеларија во ОУ „Никола Карев“ Кочани, каде што наставниците ќе можат да ги извршуваат своите професионални обврски. Покрај реновираната наставничка канцеларија, во изминатите шест месеци од мандатот на в.д. директорот Александар Андов, остварени се и многу други проекти и зафати, меѓу кои отворена нова канцеларија за училишниот дефектолог, нова канцеларија за училишниот социолог и комплетно реновирање на просторијата на техничкиот персонал. Училишната библиотека е реновирана и проширена со училишна медијатека, обезбедени се нови модерни клупи за сите катови од училиштето, поставено е надворешно…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Поразително: се отпишале 63 ученици

НАМАЛУВАЊЕТО НА БРОЈОТ НА УЧЕНИИЦИ ЗА 63 ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА, САМО ЗА ЕДНО ПОЛУГОДИТЕ, Е СВОЕВИДЕН АЛАРМ КОЈ ТРЕБА ДА ГИ ЗАГРИЖИ НАДЛЕЖНИТЕ ВО ДРЖАВАТА. УШТЕ ПОЗАГРИЖУВАЧКИ Е ШТО ТРЕНДОТ НА ПРАЗНЕЊЕ НА УЧИЛИШТАТА И НА ДРЖАВАТА ПРОДОЛЖУВА СО ДРАМАТИЧНА ДИНАМИКА За тоа какви ни се состојбите во државата, најдобро зборува осипувањето на бројот на ученици во основните и средните училишта кое бележи драстични размери. Само за пет месеци, или споредено септември – јануари, бројот на ученици во петте основни и двете средни училишта се намалил за дури…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Второто полугодие ќе започне на 23 јануари

Владата на Република Северна Македонија денеска на 118-та редовна седница го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на18 јануари да започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици.  Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците.

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Потпишани договорите за стипендии на студенти

30 студенти кои ќе ја користат општинската стипендија за учебната 2022/2023 година ги потпишаа договорите со Општина Кочани. Според Комисијата за доделување на студентските стипендии, на конкурсот пристигнале 35 пријави. Од нив 17 студенти добиле стипендија за постигнат висок успех во студирањето, осуммина се од социјално загрозени семејства и петмина студенти се од медицински науки. Петмина од пријавените кандидати не ги исполниле условите да добијат стипендија поради некомплетна документација, несоодветен просек или не се студенти на државните универзитети. Во категоријата стипендии за студенти од Ромската етничка заедница и студенти кои…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Одбележан јубилеј 50 години постоење на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“

Денеска ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ Кочани одбележа 50 години од постоењето на детската градинка. Со богата културно-уметничка програма подготвена од стручниот, воспитувачкиот и негувателскиот тим на детската градинка заедно со дечињата беше одбележан јубилејот пред полната сала во Мултикултурниот центар во Кочани. -Одбележувањето на 50 годишниот јубилеј на нашата установа основана во 1972 година е одбележување на растежот и развојот, создавање ден за ден, по еден дел од мозаикот на градинката, којашто 50 години создава еден современ, модерен втор дом за сите деца од различни возрасни групи што престојуваат тука –…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Патронен празник на ОУ „Крсте Петков Мисирков“

Основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари го одблежа својот патронен празник – 148 години од раѓањето на првиот кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, собирач и проучувач на македонското народно творештво, македонскиот филолог и етнограф, Крсте Петков Мисирков. По тој повод, свежо цвеќе на бистата на патронот во училишниот двор положија делегации од Општина Кочани и училиштето.

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Пуштена во употреба училишна медиатека во ОУ „Никола Карев„

ОУ Никола Карев денеска ја пушти во употреба училишната медиатека,капитална инвестиција за училиштето.Училницата е опремена е со 65 инчен телевизор, 3D наочари, камери 360степени,микрофони,лаптоп,прожектор и другра современа дигитална опрема. Оваа просторија ќе може да ја користат сите ученици и вработени во ОУ Никола Карев , а со тоа добиваат современи услови за унапредување на технологијата.

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Завршен настан од проектот „Виртуелна реалност“ на Еразмус плус

Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ и Здружението за поддршка на економскиот развој – Локална акциона група – Кочани одржаа настан на кој ги претставија резултатите од проектот „Имплементирање на едукативен модул базиран на виртуелна реалност во средните училишта“ финансиран од ЕУ-програмата Еразмус плус. На присутните им се обрати Голубинка Георгиева, раководителка на Одделението за јавни дејности во Општина Кочани, која го изрази задоволството од реализацијата на  овој иновативен проект со кој и во наставата во училиштето ќе се имплементираат најсовремени технологии. Според Љубомир Гацов, директор на СОУ „Љупчо Сантов“, најновата технологија и развиениот…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Блокирана сметката на ООУ „Никола Карев„

Како новоназначен в.д директор на ОУ „Никола Карев“ сакам да ја информирам јавноста за настанатата ситуација. Иако не сакам да се навраќам години наназад и да ги коментирам непазарните цени кои превозникот Авто Атом ги има склучено со договор за јавна набавка по кој немилосрдно се богати на терет и штета првенствено на учениците, а потоа и на сите нас како даночни обврзници, ќе ја коментирам само денешната ситуација. Превозникот Авто Атом со првичното Решение за нотарски платен налог од 17.07.2017 и новиот налог за извршување на 25.08.2022 изврши блокада…

Прочитај повеќе