Страстната седмица пред Велигден
За православните христијани започна Страстната – Страдалната седмица, последната седма недела од чесниот пост што му претходи на Велигден. Оваа недела, од Велики понеделник до Велика сабота верниците ја поминуваат во строг пост, молитви и покајание. На богослужбите во црквите се потсетува на последните земни денови на Исус Христос, неговото приведување и страдањето на крстот. Оваа недела се нарекува „страстна“ според старословенскиот збор „страст“ што значи страдање, трпение и болка.На Велики понеделник црквата потсетува на осум библиски настани – четири од Стариот и четири од Новиот завет. Велики понеделник е:…
Прочитај повеќе