ОО на СДСМ Кочани : ДПМНЕ ПОВТОРНО СО СВОЈОТ ЛАЖЕН ПАТРИОТИЗАМ И ЛИЦЕМЕРИЕ
Почитувани, Денес, на првата конститутивна седница на Советот на Општина Кочани претставниците на ДПМНЕ и нивните поддржувачи уште еднаш си го докажаа својот лицемерен и противдржавнички став. Откако ги прифатија уверенијата од ДИК со уставното име Република Северна Македонија, решија да создадат тензии и непотребно да ја одложуваат работата на Советот за која воедно и ги следува месечен паушал. Свеченото давање на заклетва, а притоа да се прецртува името на државата е против Уставот. Како највисок правен акт, сите закони и прописи мора да бидат усогласени со него. Искрено, се надеваме дека…
Прочитај повеќе