ОПШТИНА КОЧАНИ 

Прво авиопрскање против комарци

В среда, 14 јуни, од 5 до 8 часот  наутро, стручни екипи на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ од Куманово ќе ја спроведат првата фаза од  авиотретирањето  против комарци.  Авиотретирањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за  уништување  комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарците, одобрен  од  Бирото за  лекови. Со авиотретирањето  ќе   бидат опфатени површините во градското подрачје на  Кочани  и  низинските села  што припаѓаат  на територијата на  Општина  Кочани.  Потребно е пчеларите да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.  Доколку се неповолни временските услови (ветер, дожд)…

Прочитај повеќе
ФОТО-ВИДЕО ВЕСТ 

6 километри пешачење по осоговието

Под мотото Пешачењето е здравје, Општина Кочани во соработка со Клубот за планинарски спортови „Москито“ и Извидничкиот одред „Ластовица“, изведе планинарска тура на релацијата Пониква – Панаѓур – Пониква.  Учесниците имаа околу два часа активно пешачење на падините на Осогово, на патеката со вкупна должина од 6 км, во одлични временски услови. За помладите учесници, на врвот Панаѓур (1669 м н. в.) се одржа кратко претставување на дел од опремата и начините за ориентација во планина.  Активноста којашто се реализира трета година по ред, согласно Локалниот акциски план за еднакви…

Прочитај повеќе