РЕГИОН 

Царев Врв – меѓу петте најголеми ски центри на Балканот !?

На 23 јуни 2023 година градоначалниците на општините што гравитираат околу Осоговските Планини: Кочани, Пробиштип, Македонска Каменица, Крива Паланка и Кратово; министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и центрите за развој на Источниот и на Североисточниот плански регион потпишаа меморандум за соработка кој ќе овозможи користење на средствата од Програмата за рурален развој на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за подготовка на потребната документација за изградбата на ски-ресорт на Царев Врв. Станува збор за капитална инвестиција која во овој момент е препознаена како стратегиски приоритет на државата, но и…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

12 екипи на Петровденскиот турнир

В среда, на 28 јуни, во 19 ч., на спортските терени на СОУ „Љупчо Сантов“ ќе се одигра првиот натпревар од овогодишниот Петровденски турнир во мал фудбал. Претставници на  ОФС – Кочани, како директни реализатори на турнирот што го организира Општина Кочани, со ждребување ги утврдија четирите групи од пријавените дванаесет екипи. Според Александар Андов, претседател на ОФС – Кочани, ќе се игра по правилата за футсал и според временските услови. Ќе се избира најдобар играч, стрелец и голман, а најдобрите три екипи ќе добијат 60 илјади, 30 илјади и…

Прочитај повеќе