СЗБ Кочани: Љупчо Сантов, Раде Кратовче … ги уби Бугарскиот окупатор

Полемиката која се крена во државата, по интервјуто на Претседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев, и реакциите, не ја одминаа ниту Општина Кочани. Имено, Претседателството на Сојузот на здружението на борците и продолжувачи на традициите од НОБ и антифашистичката борба од 1941 до 1944 година, на Кочани, денеска одржа состанок, на кој ја потврдија историската вистина дека војската на Царска Бугарија, како членка на Хитлеровската фашистичка коалиција, во Македонија влегле како окупатори. Притоа додавајќи дека, многу родољуби во тој период на окупација, биле затворани и измачувани во затворите. Некои од нив, како што се Љупчо Сантов, Раде Кратовче, Михајло Арсов, и други, загинуваат токму од оружјето на тогашниот окупатор.

Заради сето тоа, да се простува е човечки, ама да се заборави не може никогаш.

Во продолжение изјавата на Претседателот на СЗБ и продолжувачи на традициите од НОБ и АБ 1941-1944 година…

Инаку, и на социјалните мрежи граѓани на Кочани потсетуваат на тој тежок период, во кој се убивани и мачени голем број недолжни граѓани, како и Македонски синови кои се бореле за слободна и самостојна татковина.

Сподели: