Воспитувачка позитивна, десет деца во изолација

10 деца од воспитната група од 4 до 5 години од детската градинка Павлина Велјанова , објект „Цветови„ кај градскиот пазар од денеска се во изолација. Оваа информација денеска ја потврди директорката Едита Миткова, која инфомираше дека една од воспитувачките била позитивна на коронавирусот и поради тоа децата и другата воспитувачка од истата група од денеска имаат добиено решенија за изолација.

Миткова информираше дека денеска е направена вонредна дезинфекција на просторијата на групата што е во изолација.

Инаку состојбата во останатите објекти на ДГ Павлина Велјанова е стабилна,односно нема други заразени во ковид 19,или во изолација. Во понеделник почнуваат соработиидве вработени кои беа во изолација поради контакт со лице позитивно на вирусот.

Во ДГ Павлина Велјанова строго се почитуваат мерките и протоколите за заштита од страна на вработените и родителите . Децата се носат во одреден термин, се врши редовна дезинфекција и редовно мерење на телесната температура.

Сподели: