76 дневници за Ајфон 12

Откако мобилните телефони го освоија Светот и станаа мерило за стандардот на граѓаните во различни држави, ја исфрлија на површина реалноста и ги позиционираа народите кој каде се наоѓа. Со оваа проблематика во последните две години се занимава интернет-порталот Веривокс, кој врши истражувања колку луѓе во различни земји во светот треба да работат за да си дозволат ајфон.

Споредбите се фрапантни, особено помеѓу најсилните и најслабите економии. Така, на жителите на Лихтенштајн им требаат само три работни дена за со заработените пари да си купат ајфон, а на Молдавците дури 85 дена за нов мобилен од престижниот бренд, пренесува „Дојче веле“. Во Германија се потребни осум работни дена за да се спечалат доволно пари за ајфон 12 со 64 гигабајти меморија.

Додека во Германија овој телефон чини 876 евра, неговата цена во Северна Македонија е 1.061 евра. Тоа значи дека околу два милиони луѓе кои доколку посакуваат да имаат ајфон по секоја цена, треба да одработат во просек 76 дена, за да ги соберат потребните пари. Паметниот телефон во повеќето други европски земји чини околу 950 евра, пишува весникот

Сподели: