На „Пониква“ ќе се обучуваат 60 планинари

На 13 март на Пониква, ќе се одржи „Зимската планинарска школа“, која ја организира Планинарскиот спортски клуб „Осогово“, во соработка со Федерацијата за планинарство на Македонија и планинарски клубови од државата. Предавањето и показните вежби ќе се одржат на ски-патеката број 3, близу манастирот „Св. Василиј“ а ќе учествуваат над 60 љубители на планинарањето. Вештините на планинарењето на идните планинари ќе им ги презентираат искусни водичи, предавачи и планинари.

Од ПСК Осогово велат дека целта на обуката е обновување и стекнување на знаења за безбедни зимски искачувања на планина. Во текот на изминатите години преку Зимските школи поминале поголем број планинари, како од кочани и кочанско, така и од многу други клубови во државата. Самата обука е интересна и за посетителите на пониква, бидејќи на самото место можат да се видат атрактивни планинарски вештини, опрема, и да се слушнат корисни совети.

Тргнување е од Градскиот парк во Кочани во 08:30 ч. а цената на превозот е  200 ден. Заинтересираните можат да се пријавуваат заклучно со петок 11 март, кај Тошо Антов (078/270-724) и Стојка Антова 071/314-482.

Сподели: