Кочани пак меѓу најзагадените – од што?

ИАКО ДОЖДОТ БИ ТРЕБАЛО ДА ГО ПРОЧИСТИ ВОЗДУХОТ, И ИАКО ОЏАКОТ НА „ПЕЈПАР МИЛ“ НЕ ЧАДИ, БИДЕЈЌИ ФАБРИКАТА НЕ РАБОТИ, КОЧАНИ ДЕНЕСКА ПРЕТПЛАДНЕ, СПОРЕД ПРИСУСТВОТО НА ПМ10 ЧЕСТИЧКИ НА М3, БЕШЕ ВТОР ГРАД ВО ДРЖАВАТА ПО ЗАГАДЕНОСТ. КАДЕ Е, КОЈ ТРЕБА ДА ГО ЛОЦИРА И КАКВИ СТРАТЕГИИ И МЕРКИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРОБЛЕМОТ?

Еве што е збунувачко во ситуацијата со загадувањето во Кочани. Денеска, кога воздухот би требало да е прочистен од врнежите од дожд, и кога оџакот на Пејпар Мил не чади, Кочани е втор по загаденост, односно присуството на ПМ10 честички во атмосферата, во рамки на државата. Прв е Кичево со 117 мг на м3, втор Кочани со 72, трет Тетово со 65 и така натаму. Дека загадувањето во наши средини и услови сеуште се третира како табу тема, зборува и податокот дека во изминатите месеци, мошне често и Берово, кој нема развиена индустрија, и се наоѓа во речиси идеална природна околина, високо котираше според загаденоста на воздухот.

Токму од тие причини деновиве Телевизија Кочани и Актуелности.мк објавуваа информации за комплексноста на проблемот и за потребата од долгорочни и аналитички стратегии за справување со загадувањето. Дотолку повеќе, што не се помага со секојдневно повторување на протестите од мал број активисти, за што некој неодговорно и недобронамерно, на социјалните мрежи ги делеше медиумите на подобни и неподобни, туку со конструктивни и издржани идеи, предлози и пренесување на искуства од други средини.

Секако, тука не може да се маргинализира фактот дали и колкаво ќе беше загадувањето, доколку фабриката работеше !!!?

Сподели: