Пензионерски маки: Огревот откажан, а октомври наближува

ЛЕТЕН ШОК ЗА 750 ПЕНЗИОНЕРИ, НА ДВА-ТРИ МЕСЕЦИ ПРЕД ГРЕЈНАТА СЕЗОНА ОСТАНАА БЕЗ ДОГОВОРИ ЗА НАБАВКА НА ОГРЕВНО ДРВО. ПАРИТЕ ШТО ГИ УПЛАТИЛЕ НА РАТИ ЌЕ ИМ СЕ ВРАТАТ, АМА СНАБДУВАЊЕТО СО ОГРЕВ ЌЕ БИДЕ И ЗАДОЦНЕТО И ПОСКАПО. ГРАЃАНИТЕ СЕ ПРАШУВААТ, КАКВА ТЕШКА ЗИМА ПРЕТСТОИ?

Колку од 750 те пензионери ќе се снајдат да набават огрев за претстојната сезона, а колку ќе извисат, е прашањето кое стана актуелно по раскинувањето на договорите помеѓу здружението на пензионерите и добавувачите. Како гром од ведро небо меѓу пензионерите проструи веста дека нема да добијат дрва, иако ги платиле доспеаните рати, без разлика што парите ќе им бидат вратени во целосен износ. Прво, затоа што до стартот на грејната сезона преостануваат нецели три месеци, а второ, заради разликата во цена од набавката преку ЈП Македонски шуми наспроти од приватни оператори со огревно дрво.

Во Здружението на пензионери се немоќни да обезбедат алтернативно решение, но гарантираат целосен поврат на уплатите, чиј вкупен износ е околу 10.милиони денари

Изјава Ѓ.С.

Најголем број од пензионерите се револтирани поради ваквиот епилог со обезбедувањето со огревно дрво, бидејќи сега пред нив е сериозен проблем кој не знаат дали и како ќе го решат. Со парите кои ќе им бидат вратени одвај ќе можат да купат околу 4 метри просторни бука или даб, бидејќи на слободниот пазар цените се повисоки и секојдневно растат. Некои сметаат дека државата ќе треба да им го реши проблемот и со набавката и со цената, бидејќи тие не сносат никаква одговорност за неиспораката. Образложението поврзано со пожарите и намалената сеча не држи, бидејќи одговорните имаа цела година да испланираат и скројат план како да го реализираат снабдувањето со огрев. Загрижува тоа што во делови од државата огревно дрво се извезува во други земји, а овде нема за граѓаните.

Едно е сигурно, по овој стратешки кикс на одговорните, значителен број од 750-те пензионери ќе останат без дрва, бидејќи дел од нив немаат доволно средства за да ги купат потребните количини, а тие што ќе се снајдат, тоа ќе ги чини значително поскапо. Како тргнало претстои грејна сезона колку да не се замрзне. После се, се наметнува прашањето, каква зима им претстои на граѓаните… ?

Сподели: