ОФС Кочани додели фудбалски топки за Трета фудбалска лига-Исток

Во просториите на ОФС-Кочани председателот Александар Андов, секретарот Столе Тошев и спортскиот работник Драганчо Димитровски како членови на сојузот кој ја предводи Третата фудбалска лига Исток на екипите од Третата фудбалска лига Исток им доделивме по 20 (дваесет) фудбалски топки се со цел да им помогнеме на екипите кои се натпреваруваат во сезоната 2023/24 во ТФЛИ.

Голема благодарност до Фудбалска Федерација на Македонија што ни го одобри барањето и со ова покажа дека се грижи за сите свои членки поденакво.

Сподели: