Утре,митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани и трибина за младите

Почитувани, медиуми, почитувани сограѓани

Изминативе 7 и пол години се можеби најтешките години за Македонија.

Порази на секој чекор, понижување на меѓународен план и дома, инфлацијата го изеде и онака нискиот стандард, учениците ни учат без учебници, болните се лечат без лекови, правда никаде…

Наместо претседател, имавме статист, човек кој секојдневно си противречеше сам на себе и наместо став добивавме само констатации.

Ветуваа живот, а донесоа само корупција, криминал, сиромаштија и неправда.

Доста беше, одсега бираме иднина каква што заслужуваме. Иднина која што треба да биде горда.

Гордана Силјановска Давкова е вистинскиот избор за Македонија, претседател кој ќе ја направи Македонија горда повторно.

Жена, докажана на надворешен план и дома, жена која што во својата професионална кариера ја бранеше Македонија насекаде во Европа и во светот.

Ве повикувам на заедничка трибина со идниот претседател на Македонија во Паркот на Револуцијата во Кочани, утре 7 ми Април во 20:00ч. Изборот е јасен, а тоа е Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија.

Ви благодарам.

Сподели: