Нова опрема на кружните текови кај Двојниот мост и во Стришани

Изведувачот  „Бојта ИНГ“ – Скопје, согласно документацијата од Општина Кочани ја постави сообраќајната опрема на кружниот тек кај Двојниот мост. Со нова опрема ќе биде уреден и кружниот тек во Стришани.

Врз основа на дефинираното сообраќајно решение за динамичниот и стационарниот сообраќај во централно градско подрачје произлезено од потребата за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на нивото на сообраќајна услуга, започна поставување на сообраќајна опрема, вертикална и хоризонтална сигнализација.

За зголемување на пропусната моќ на сообраќајниците во град Кочани, дефинирање на моторниот и пешачкиот сообраќај, зголемување на местата за паркирање и утврдување на автобуски стојалишта и такси станица изработен е сообраќаен проект за утврдување на режим на сообраќај. Со утврдување на режимот на сообраќај на постојната улична мрежа во град Кочани ќе се зголеми нивото на услуга на сообраќајниот тек, ќе се намали времето на патување, ќе се унапреди севкупното ниво на сообраќајна услуга односно ќе се зголеми капацитетот и ќе се подобри нивото на безбедност на движење на возилата со соодветна сообраќајна сигнализација и опрема

Сподели: