Работилница „Безбедни училишта – развивање на доверба“

Во соработка со Општина Кочани, Здружението „Медиа плус“ од Штип ја спроведе работилницата„Безбедни училишта – развивање на доверба“, активност од проектот „Безбедноста е нашето мото“, поддржан од Амбасадата на САД.  Работилницата ја водеа универзитетските професори Методи Хаџи Јанев од Воената академија „Михајло Апостолски“ и Олга Кошевалиска, деканка на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, чија специјалност е детската деликвенција.  Работилницата беше фокусирана на справувањето на заедницата со безбедноста и меѓуврсничкото насилство во училиштата, со цел да влијае на подигањето на свеста кај сите вклучени страни – и на креаторите и на политиките и на спроведувачите. Исто така се разгледуваше и Протоколот за постапување во училиштата, со ставови…

Прочитај повеќе