Лани искоцкани 800 милиони евра

Неверојатни 800 милиони евра оставиле граѓаните во нашата сиромашна држава на разни игри на среќа, народски кажано, на коцка во текот на 2023 година. Имено, толкави пари инкасирале 58-те правни субјекти кои се занимавале со коцкање и обложување. Притоа, компаниите кои се занимаваат со оваа дејност, имале чиста добивка од 70,4 милиони евра, што за држава и граѓани со мала финансиска моќ, е извонреден профит. Не се знае колку пари се изнесени од државата и искоцкани низ балканот и пошироко.

Инаку, во оваа дејност со обложување и игри на среќа се евидентирани 7.745 вработени, и тие се мошне сериозен полнач на државниот буџет по основ на придонеси и даноци.

Лидер по приход е компанијата ПРО БЕТИНГ, која со години го држи зацементирано првото место. Ланскиот приход изнесувал близу 200 милиони евра. На второ место по промет е Друштво за приредување игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје, со 90 милион евра. Значајно е да се истакне дека главно сите приредувачи на игри на среќа бележат помал или поголем пораст.

Сподели: