20 години постоење на ПСК „Осогово„

Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ – Кочани годинава го прославува својот 20 роденден. Со цел обележување на овој јубилеј, на туристичкиот локалитет Пониква, на 01 и 02.06.2024 година, ќе се реализира настан со повеќе спортски активности.

За овој настан има најавено присуство на повеќе спортски клубови од Македонија и соседните држави, како и поединци, вљубеници во планината.

Во прилог Ви ја најавуваме нашата програма за овие два дена:

01.06 –сабота:

         15:00ч  Прием на гости ,поставување на шатори или сместување во сместувачките капацитети -хотели во Пониква
          18:00ч Информација за престојниот настан и добивање на пакет со стартен број за трките
          19:00 часот ќе започне забавата со Ди џеј до доцните часови со пијалоци и скара по симболични цени.

                      02.06.-недела:

             09:00ч  Отварање на настанот , претставување на ПСК Осогово со постигнатите резултати и идни планови и старт на првата трка од 9 км која ќе започне од паркингот пред МВР до врв Панаѓур до манастирот св.Василиј
 

09:30ч  Започнува рекреативното пешачење за сите вљубеници на планината, планинари,рекреативци и тн.по истата маршута-патека
  

12:00ч. Старт на најатрактивната и најтешка трка вертикален километар и за ПРВ ПАТ ќе се одржи на овој дел од Истокот на земјата ,која започнува од Ивков Преслап,по ски патека бр 3 па се до манастирот св.Василиј
              13:00ч Прогласување на победниците,доделување на наградите за победниците  и благодарници за сите учесници како клубови така и поединци
              14:00ч Организиран ручек за сите учесници и дружење до 16ч
              17:00ч Завршување на настанот до следното видување

Стартните броеви со маичка ќе бидат по симболична цена од 350 ден
Се надеваме дека ќе ја препознаете важноста на овој настан за промоцијата на нашиот град.

Овој настан е од голема важност и за нашиот клуб, клуб кој ја претставува Општина Кочани пошироко и освојува многубројни признанија. Ќе ви бидеме многу благодарни доколку позитивно одговорите за реализација на овој настан.
Контакт тел:
Тошо 078/270-724
Стојка 071/314-482
Мирче 078/389-909
Методи 078/203-047
Александар 077/950-500

Со почит, ПСК Осогово Кочани

Сподели: