Место ќесе со ѓубре, фрлил ќесе со 22.000 евра

Дека по светот се случуваат секакви случки, потврдува необичниот настан со анонимен еѓипчанец, кој во потрага по подобар живот, заминал на работа во Кувајт. Откако спечалил солидна сума на кувајтски динари, тој подигнал од банката дел од нив, и за да ги маскира, ги ставил во пластична кеса, веројатно идентична на таа во која го собирал ѓубрето. Веројатно сметал доколку во домот му влезат несакани гости, нема да бараат пари во кеси за ѓубре. Но, кога дошло ред да го исфрли кесето во контејнер, човекот наместо тоа со сметот, го земал кесето со парите, во кое имало 8.000 кувајтски динари, што е еднакво на околу 22.000 евра, и ладнокрвно и педантно го фрлил за да заврши на депонија, го опишува настанот дневниот весник  Ал Калеј Денес, од Обединетите Арапски Емирати.

По извесно време кога посакал да ги преброи парите, го отворил кесето што му останало дома, и имало што да види. Откако му станало јасно што направил, истрчал на улица каде што се конјетнерите, но за негова несреќа, таму тие редовно се чистат, па можел да констатира дека ѓубрето веќе е изнесено а тие стоеле празни. Потоа почнала неговата трка по надлежните компании за исфрлање и третман на ѓубрето, ја алармирал и локалната власт, од каде му било речено дека, пронаоѓањето на кесата е како да се бара игла во куп слама. Дотолку повеќе што таму сметот не завршува на депонија како кај нас, туку се издвојува и преработува.

Сподели: