Статистичката е 33.704, колку чини вашата потрошувачка кошничка?

За да се преживее, според статистичките пресметки на Сојузот на синдикатите на Македонија, за октомври, потребни се 33.704 денари. Истовремено, просечната плата во државата изнесува 27.535 денари. Со оглед на фактот дека при двајца вработени во едно семејство, во внатрешноста, кои земаат најчесто помеѓу 15.000 и 20.000 денари плата, испаѓа дека заработеното во целост ќе отиде на потрошувачката кошничка.

Во овие 33.704 денари, исхраната и пијалоците влегуваат со над 14.000 денари. Потоа следува домувањето со 10.800 денари, хигиената со 2.400 денари, превозот со 2.500 денари, за облека и обувки 2.150 денари, за култура 1.067 денари, за здравјето 717 денари.

На крај се поставува прашањето, колку ви се потребни пари за вашата месечна кошничка?

Сподели: