ПОЛИТИКА 

Пресс на ОО Сдсм Кочани

Почитувани, Локалната и централната власт предводени од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија инвестираат за доброто на сите граѓани, на сите општини, на целата држава. И покрај светската пандемија која неминовно влијае на секој аспект од нашите животи, ние не запираме туку продолжуваме со капиталните инфраструктурни инвестиции. Еден од многуте проекти кои започнаа да се реазлизираат е рехабилитација на регионалниот пат Кочани – Пониква. Туристичкиот центар Пониква со својата природна убавина и поволна клима е едно од најпосетените места во нашиот регион. За да се овозможи поголем развој на туризмот, потребно е…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

28.09.2020: 9 Новозаболени и 6 оздравени

Во последните 24 часа потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 теста, а починаа четири лица, соопшти Министерството за здравство. Во Скопје се потврдени 20 нови случаи, во Кочани – девет, во Струмица – четири, Куманово и Прилеп по три нови случаи. По два случаја се потврдени во Виница и Свети Николе и по еден нов случај во Дебар, Тетово, Пробиштип, Пехчево и во Делчево. Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент, и тоа од: Скопје – 21, Куманово – 3, Штип – 2, Тетово –…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Не наседнувајте на телефонските повици за наводни сообраќајни несреќи, апелира полицијата

Жител од Охрид е последната жртва на измама во врска со наводни сообраќајни несреќи и плаќање на големи суми. Тој бил измамен од едно лице за сума од 650 евра и 40.000 денари. Според пријавеното, околу 15.00 часот измамникот му се јавил на неговиот мобилен телефон и му соопштил дека бил очевидец на сообраќајна незгода со смртни последици, предизвикана од неговата ќерка во една соседна земја. Исто така, лицето му побарало 25.000 евра за да помогне ќерка му да ја избегне затворската казна. Како што е пријавено, лицето се согласило…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

ПАДНА ПЛАТФОРМАТА ЗА ДАЛЕЧИНСКО УЧЕЊЕ

Денеска започна тестирањето на националната платформа за учење, и веднаш уште од првиот ден наиде на проблеми. Најпрво системот беше паднат, односно учениците и наставниците не можеа да дојдат до страницата, а потоа кога беше овозможен пристап, немаше можност за вклучување (логирање). Од МОН со смирувачки тонови, велејќи дека тоа е дел од тестирањето, и дека постојат моментални проблеми, но дека истите ќе бидат решени. Додаваат дека не станува збор за никаков проблем со платформата.

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

СВР ШТИП СО АКЦИСКА КОНТРОЛА ЗА СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ

На 27.09.2020 во периодот од 13.00 до 19.00 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. -Од извршената акциска контрола санкционирани се вкупно 97 прекршоци, од кои 39 возачи управувале со брзина поголема од дозволената надвор од населено место и 58 во населено место. Преземени се 97 мерки за прекршоците и тоа 29 Штип, 20 Кочани, 14 Берово, 12 Делчево, 9 Виница, 7 Свети Николе и 6 Пробиштип. Санкционирани се и 42 останати прекршоци, информира МВР.

Прочитај повеќе
ВЕРСКИ КАЛЕНДАР 

Денеска е Свети Никита

Родум од Готите, ученик на епископот Теофил Готски, кој учествуваше на Првиот Вселенски Собор. Кога кнезот Готски Атанарик почна да ги мачи христијаните, тогаш Св. Никита застана пред кнезот и го изобличи за безбожништво и нечовечност. Мачен со страшни маки, Никита с ѐ посилно ја исповедаше верата Христова и Му се молеше на Бога со благодарност. И умот непрестајно му беше воздигнат и вдлабочен кон Бога, а на градите под облеката ја држеше иконата на Пресвета Богородица со предвечниот Младенец Христос, во став на стоење кога во рацете го држи…

Прочитај повеќе
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 

УХМР информира кога се очекува стабилизирање на времето

Времето во земјата денеска ќе биде променливо облачно. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Стабилизирање на времето се најавува од среда. Утринската температура ќе се движи од седум до 14 степени, дневната од 15 до 26 степени. Во Скопје температурата ќе се движи од 12 до 24 степени.

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

27.09.2020: 18 НОВОЗАБОЛЕНИ, 6 ОЗДРАВЕНИ И 1 ПОЧИНАТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на Ковид-19 во Скопје-50, Куманово-4, Дебар-2, Штип-2, Прилеп-9, Тетово-11, Велес-2, Битола-6, Кавадарци-6, Гостивар-3, Гевгелија-1, Струмица-6, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Кочани-18, Берово-11, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-5 и еден во Неготино. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 65 оздравени пациенти од Скопје-15, Куманово-5, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Битола-4, Охрид-5, Кавадарци-1, Гостивар-6, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-2 и шестмина од Кочани. Во болнички услови се починати 3 пациенти од Прилеп (62), Кочани (87) и Гостивар…

Прочитај повеќе
ВЕРСКИ КАЛЕНДАР 

Утре е Крстовден: Тежок празник и строг пост

Утре е празникот на Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, кој се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. За подостоинствено празнување на празникот, но и за оддавање признание на светиот крст,како и за сочувствување со страдањата на Спасителот Исус Христос Светата црква го одредила овој ден како тежок празник и како строг пост. На овој ден не се јаде ништо мрсно дури ни растително масло, а некои верници јадат само…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

26.09.2020: 5 НОВОЗАБОЛЕНИ И 5 ОЗДРАВЕНИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-12, Штип-6, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-2, Велес-2, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-2, Гевгелија-5, Струмица-10, Крива Паланка-2, Кочани-5, Пробиштип-1, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-8, Кичево-2, Ресен-2, Неготино-2. „Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 94 оздравени пациенти од: Скопје-25, Куманово-5, Дебар-1, Штип-6, Прилеп-5, Тетово-8, Струга-3, Велес-5, Битола-7, Гостивар-4, Гевгелија-5, Крива Паланка-1, Радовиш-3, Кочани-5, Берово-1, Виница-1, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-6. Во болнички услови е починат пациент од Скопје на 79 годишна…

Прочитај повеќе