На 2 мај во Кочани започнува Велигденски хепенинг
На 2 мај, во Градскиот парк во Кочани ќе почне Велигденскиот хепенинг, што го организира Општина Кочани во соработка со стопански субјекти и јавни установи од Кочани. Од 10 ч. ќе се одржи „Велигденски пазар на можности“ на Јавната општинска установа „Павлина Велјанова“ – Кочани, кој ќе биде придружен со музички настапи на ученици од ОУ „Никола Карев“ и ЈОУДГ „Павлина Велјанова“. ЈОУ Библиотека „Искра“ ќе приреди „Велигденска работилница“, а во знакот на големиот христијански празник ќе има и ликовен перформанс од Школата за цртање при Центарот за култура „Бели…
Прочитај повеќе