ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 2 мај во Кочани започнува Велигденски хепенинг

На 2 мај, во Градскиот парк во Кочани ќе почне Велигденскиот хепенинг, што го организира Општина Кочани во соработка со стопански субјекти и јавни установи од Кочани. Од 10 ч. ќе се одржи „Велигденски пазар на можности“ на Јавната општинска установа „Павлина Велјанова“ – Кочани, кој ќе биде придружен со музички настапи на ученици од ОУ „Никола Карев“ и ЈОУДГ „Павлина Велјанова“.  ЈОУ Библиотека „Искра“ ќе приреди „Велигденска работилница“, а во знакот на големиот христијански празник ќе има и ликовен перформанс од Школата за цртање при Центарот за култура „Бели…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Нови тротоари на Ул.„3-та Македонска бригада“

Со договорот за изведба на тротоари што Општина Кочани го склучи по спроведена јавна набавка со фирмата „Урбан павер“ од Скопје, почнува изградбата на нови пешачки површини на подрачјето на Кочани. Активностите започнаа од улицата „Трета македонска бригада“, каде што се одвиваат земјените работи, по што тротоарите ќе бидат поплочени со бетонски павер елементи. Со овој проект ќе се подобрат условите за движење на пешаците и поголема безбедност во одвивањето на целокупниот сообраќај.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Од 9 мај во основните училишта во Кочани започнува уписот на првачињата за учебната 2024/25 година

Децата кои до крајот на календарскава година ќе наполнат 6 години и деца родени до 31 јануари 2019 г., по претходно барање на родител и добиено мислење од педагог и психолог имаат право да се запишат во прво одделение. Уписите во основните училишта во Кочани започнуваат од 9 мај, а согласно Законот за основно образование, основното училиште ги опфаќа учениците од својот реон утврден од основачот на основното училиште. Училиштата ќе достават покана за упис на детето, со термин кога родителот треба да се обрати кај нив. Родителот е должен…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 2. мај Дајте музика во паркот

Во склоп на Велигденскиот хепенинг, на 2-ри мај Општина Кочани ќе организира целодневна програма и концерт за најмладите насловена ДАЈТЕ МУЗИКА во Градски парк во Кочани со почеток во 17:00 часот. Инаку, Велигденскиот хепенинг ќе трае од 2 до 8-ми мај, и ќе содржи богата музичка и забавна програма, со поставени продажни штандови.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се модернизира преминот на железничката пруга

Во тек е реализацијата на градежните активности за модернизација на преминот на горниот строј на пругата Велес – Кочани, на патниот премин „Основен суд“, на дел од ул. „Никола Карев“ во Кочани. На премините се поставува гумена подлога со цел да се олесни минувањето на возилата и да се забрза протокот на сообраќајот. Поради тековните активности, влезот односно излезот во Кочани од правецот кон Грдовци е затворен за сообраќај, а надлежните служби ги повикуваат сите учесници во сообраќајот да го почитуваат времениот сообраќаен режим. По завршувањето на овој премин, градежните…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Трибина во МКЦ: „Ромите во Кочани денес“

Во рамките на програмата на Општина Кочани за одбележување на Меѓународниот ден на Ромите, денеска во салата на Мултикултурниот центар се одржа трибина на темата „Ромите во Кочани денес“. Трибината, со свое излагање за реализираните активности за ромската заедница во Кочани, ја отвори градоначалникот Љупчо Папазов, кој говореше за општинските мерки и активности во повеќе области: образованието, социјалата, урбанизмот и инфраструктурата. Видувања за состојбите и за напредокот на Ромите во Кочани изнесоа и Јалчн Неџипов, како претставник на „Ромалитико“ и Мануела Саидова од невладината организација „Светла иднина“. Ученици од ОУ…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Нови садници покрај тротоарите и во парковите

Деновиве се озеленуваат нови површини во централното градско подрачје на Кочани. Се засадуваат нови садници од видовите јасен, јавор, липа, црвена слива и платан покрај тротоарите по неколку улици, како и на повеќе парковски површини.    Општина Кочани апелира до граѓаните грижливо и совесно да се однесуваат и да не ги оштетуваат новите садници и останатата високостеблеста вегетација.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Почнува вградувањето паметни уреди во јавното осветлување во Кочани

Во рамките на проектот „Паметно мерење и управување на енергијата во системот за јавно осветлување во Кочани“ се одржа состанок за воведување во работите на избраниот изведувач кој ќе врши надградба на постојните улични кабинети со паметни уреди за управување и мерење на енергијата во системот за јавно осветлување во општина Кочани. Во наредниот период, до крајот на април, „Македонски телеком“ како изведувач на работите, во 69 улични кабинети ќе постави паметни уреди, коишто ќе придонесат за подобрување на работењето и управувањето на уличното осветлување во Кочани и за заштеда и поефикасно…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Општина Кочани и „Макпетрол“ во кампања против врсничкото насилство 

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и директорката и членка на Управниот одбор во „Макпетрол“, Марија Јосифовска-Спасовска денеска го потпишаа меморандумот за соработка, со што Општина Кочани ќе биде вклучена во општествено одговорната кампања, преку која „Макпетрол“ дава придонес во решавањето на проблемот со врсничкото насилство.  Во рамките на оваа кампања, учениците кои посетуваат настава во основните училишта во Општина Кочани ќе се стекнат со знаења за врсничко насилство. Тие ќе учествуваат во работилници со психолог којшто, врз основа на своето долгогодишно искуство на справување со проблемот, ќе сподели најразлични…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Нова опрема на кружните текови кај Двојниот мост и во Стришани

Изведувачот  „Бојта ИНГ“ – Скопје, согласно документацијата од Општина Кочани ја постави сообраќајната опрема на кружниот тек кај Двојниот мост. Со нова опрема ќе биде уреден и кружниот тек во Стришани. Врз основа на дефинираното сообраќајно решение за динамичниот и стационарниот сообраќај во централно градско подрачје произлезено од потребата за зголемување на безбедноста на сообраќајот и на нивото на сообраќајна услуга, започна поставување на сообраќајна опрема, вертикална и хоризонтална сигнализација. За зголемување на пропусната моќ на сообраќајниците во град Кочани, дефинирање на моторниот и пешачкиот сообраќај, зголемување на местата за…

Прочитај повеќе