МАКЕДОНИЈА 

Кој ги подели, кој ги доби ваучерите за одмор ?

Дали од 1250 ваучери од по 250 евра, за летување на државна сметка, навистина 701 завршиле кај граѓани на Чаир и Сарај, како што е објавено под псевдонимот „Шефот“, ќе остане тајна се додека не се огласи некој од надлежните. Меѓутоа, фактот дека таквите бројки кои ги револтираат граѓаните, особено на Истокот, и по неколку дена никој не ги демантира, јасно кажува дека веројатно не се работи за лажна вест. Уште почудно е што никој не коментира кои скопски општини и граѓани ги добиле преостанатите 550 ваучери, до 1250. Ако…

Прочитај повеќе
туризам 

При две газдарици-Пониква килава

Иако на Пониква денеска температурата се движеше околу 25 Целзиусови степени, а во градот околу 40, просторот во спортско-рекреативниот центар изгледаше празно и пусто. Само во угостителските објакти одредена посетеност, главно со гости од Скопје, Куманово и други градови. -Првпат сме на Пониква, вели Дијана од Велес, ама не сме воодушевени. Напротив, повеќе разочарани. Кога се симнавме на паркингот, прашавме каде може да прошетаме, пред да седнеме во некој од рестораните, за кои знаеме од интернет. Една постара жена ни рече, нема каде. Може кон Манастирот, ама по асфалт. Тргнавме…

Прочитај повеќе