КУЛТУРА 

ФА „Љупчо Сантов“ перфектен во Црна Гора

Фолклорниот Ансамбл Љупчо Сантов од Оризари од 23-ти до 27-ми учествуваше на III-от Меѓународен детски фолклорен фестивал „Коло Без Граница“ во Тиват, Црна Гора, како единствени претставници од Македонија. За време на фестивалот младите фолклористи остварија бројни атрактивни активности кои ќе ги паметат цел живот:На  24-ти август имаа дефиле и настап во Порто Монтенегро, а потоа слободно време за плажа на прекрасниот јадрански брег,На 25-ти август беше организиран прием кај градоначалникот на општина Тиват, потоа учество на Игрите без граница, каде што беа прогласени за најдобри и добија пехар. Како…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Величествен собор во Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Пресека

Над илјада верници од расфрланите села и маали на Осоговието, од Оризари, Кочани, Виница и Македонска Каменица, како и многубројни иселеници кои токму за празникот Успение на Пресвета Богородица, се собраа на народниот собор во кругот на истоимениот манастирски комплекс, во селото Пресека, за да го прослават големиот христијански празник и да се помолат за здравје и духовна заштита. По прашливите осум километри пат се движеа колони возила, кои ги запоседнаа ридчињата околу манастирот, создавајќи ретко убава празнична атмосфера. Годинава и поголем број кумови ги изложија своите погачи заради осветување…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

ФА „Љупчо Сантов“ на фестивал во Тиват

Најмладите членови на Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, вечерва замина за Тиват, Црна Гора, каде ќе учествува на третиот меѓународен фолклорен фестивал „Коло без граница“, како единствен претставик од нашата држава. Фолклорната експедиција утре ќе пристигне во Тиват, каде ќе се сместат во еден од туристичките капацитети на ова репрезентативно приморско градче, по што следуваат многубројните содржини и активности, кои се вистинско уживање на младите фолклористи. Покрај настапите со фолклорот што го негува овој ансамбл, за учесниците се предвидени крстарења со брод, посета на светски познатата Бока Которска, на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Пензионерите бараат пензии, не политика

Неосновано ги обвинуваат за политичка позадина пензионерите кои го кренаа гласот против ниските пензии, а со барање за линеарно покачување на сите пензии од 3.500 денари. Додека политичарите изнаоѓаат разни алибија да го одолговлечат или разводнат очигледниот притисок врз власта да ги спаси најсиромашните пензионери од глад, околу 90.000 пензионери кои земаат пензија под 12.000 денари, буквално секој месец и секој ден се принудени да бараат начин како да преживеат. И ако тие барања и сето тоа е политика, тогаш некој не е со реалноста. Кочанските пензионери ја искажаа својата…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Сирењето 700 денари(?), ќе се купува на грамови

Малкумината сточари кои останаа во Брегалничкиот Регион деновиве се договорија и најавуваат дека наскоро ќе утврдат нова знаќително повисока цена на сирењето што го произведуваат. Повисоката цена на сирењето без додатоци, кое тие самите го произведуваат во своите млекарници, ќе се утврди најдоцна до 1 септември, а ќе биде дури за 30% повисока од сегашната. Причини за зголемувањето на цената има повеќе, меѓутоа пресудно е тоа што нема работници за во сточарството, високите плати што ги бараат искусните сточари, но и климатските промени кои ги усложнија условите за одгледување добиток.…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ДОНАЦИЈА НА ПЕТ МЕРНИ СТАНИЦИ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ ВО КОЧАНИ

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов денеска потпиша договор со невладината организација „Заедно за промена“ од Скопје, за примање донација од пет мерни станици за следење на квалитетот на воздухот. „Заедно за промена“ донира пет сензори за индикативни мерења на пием 10 и пием 2,5 честички во амбиентниот воздух на територијата на општина Кочани, кои веќе се поставени на пет јавни објекти во Кочани: ОМУ „Ристо Јуруков“, СОУ „Гошо Викентиев“, СОУ „Љупчо Сантов“, на објектот „Сончогледи“ од Детската градинка „Павлина Велјанова“ и на административната зграда на КЈП „Водовод“. Освен донацијата…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

И кочанските пензионери на протест во Скопје

Кочанските пензионери масовно се одзваа на денешниот протестен марш од Паркот на Револуцијата до Здружението на пензионерите на Општина Кочани, преку кој го изразија своето незадоволство од актуелните состојби во кои се наоѓаат поради крајно нискиот стандард, кој не им овозможува пристоен живот. Со транспаренти на кои меѓу другото се бара линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари, пензионерите продефилираа во центарот на градот. На собирот пред Здружението на пензионерите, претставник на иницијативниот одбор, пред присутните и медиумите, ги прочита барањата, со кои кочанските пензионери ќе се појават и на…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Љубинка Донева, кандидат за „Антево перо“

Жири-комисијата во состав, проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска (претседател) и д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), ги селектираше 12-те збирки поезија, кои се во трка за престижната книжевна награда !Антево перо“. Меѓу нив е и збирката на нашата сограѓанка, професор по Македонски јазик и литература, Љубинка Донева, со шифриран наслов „Монолог на пирејот“. Покрај Донева, во конкуренција се уште 11 поетските збирки под шифри, Magna Mater – „(Ре)инкарнација“, Александар Русјаков – „50 испеани приказни“, Ирена Павлова де Одорико – „Царски рез“, Елизабета Дончевска Лушин – „(не)ПРИПИТОМЕНА“, Коста Бојчески – „До…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

В сабота, „Осогово“ домаќин на „Беса“

На два дена пред стартот на првенството во единствената втора лига, во таборот на ГФК Осогово“ расте притисокот и атмосферата од првиот сериозн предизвик, гостувањето на Беса на градскиот стадион Никола Мантов во Кочани. Жолто-сините беа во ситуација за триесетина дена да ги мобилизираат сите расположиви сили за што поподготвено да му излезат на мегдан на поискусниот противник, и да се обидат да ја остварат целта, а тоа е освојување на првите три бода во второлигашката конкуренција. Надежите базираат на искуството на новиот шеф на стручниот штаб, но и на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Утре на протестен марш во Кочани, в понеделник во Скопје

Членовите на иницијативниот одбор за линеарно зголемување на пензиите во износ од 3.600 денари, денеска одржаа консултативен состанок, на кој се договорени активностите поврзани со протестите на локални ниво и генералниот протест закажан за 14 август во Скопје. Претставниците на кочанските пензионери во меѓувреме одржаа состанок со иницијаторите на петочниот протест, заради координација на активностите и заедничко дејствување во насока на остварување на основното барање. Притоа, договорено е на 11.август, петок, сите пензионери масовно, да се соберат во паркот на револуцијата, од каде организирано ќе се упатат кон Здружението на…

Прочитај повеќе