Честитка од градоначалникот Љупчо Папазов по повод Илинден – Денот на Републиката
Илинден е континуитетот на македонската историја, симболот на победата што ги обединува Илинденското востание и АСНОМ, 1903 и 1944. Илинден е македонската државотворност во која се вградени непокорот и победата – стремежот на револуционерите илинденци и асномското остварување на сонот за слободна македонска држава. Илинденските идеали нека ни бидат водилка за слободна македонска држава во која сите нејзини граѓани се еднакви и рамноправни, независно од нивните разлики и уверувања. Нека ни е честит Илинден – Денот на Републиката! Нека ни е вечна Македонија!
Прочитај повеќе