МАКЕДОНИЈА 

Кочанските роботичари – апсолутни победници

Членовите на едукативниот центар СТЕМ роботика од Кочани ги освои првите места и во двете категории, млади роботичари од 6 до 10 години, и од 10 до 16 години, на шестиот државен натпревар по роботика, чиј домаќин беше градот Штип. Кочанските роботичари се прогласени за апсолутни победници во конкуренција на 180 свои врсници од 22 екипи од повеќе градови во дрзавата. Повозрасната екипа на кочанскиот едукативен центар СТЕМ роботика со освоеното прво место се стекна со право да учествува на светскиот шампионат по роботика што од 7 до 9 јуни…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани

Почитувани сограѓани, Ромската заедница во нашата општина со децении се соочува со сериозни проблеми кои го отежнуваат секојдневието, за што јавноста е добро запознаена. Немањето на детален урбанистички план за овој дел од градот беше главна причина ромското население да нема елементарни услови за живот, како добивање на одобренија за градба за сопствени живеалишта, водовод, канализација, улици… Денес, по неколкугодишната изработка на ДУП за Градска четврт 5, се доби шанса овој дел од градот да добие урбан лик како што доликува и нашите граѓани да добијат достојни услови за живот.…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

ГФК „Осогово“ поразено од ФК „Беса“

Стартот на пролетната полусезона во Втората фудбалска лига на Македонија ги потврди најавите дека првенството ќе биде неизвесно и возбудливо. Постигнатите резултати во првото коло варираат од очекувани до изненадувачки. Кај очекуваните се победата на ФК „Беса“ над ГФК „Осогово“ од 3:0, а кај изненадувањата е победата на ФК Вардар Неготино против ФК „Детонит Пласчковица“ од 2:0. Еве ги резултатите од првото пролетно коло: ФК „Беса“ – ГФК „Осогово“ 3:0, ФК „Скопје“ – ФК „Каменица Саса“ 1:0, ФК „Аресини“ – ФК „Новаци“ 2:0, ФК „Караорман“ – ФК „Кожуф“ 1:0, ФК…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

А бре македонче: заокружи се Албанец, добиј вработување

И покрај повиците од сите страни за демократски и фер избори, без поткуп, партиски вработувања и други аномалии, во реалноста се случуваат чудни појави кои ги запрепастуваат граѓаните. Деновиве се спроведуваат интензивни кампањи за вработувања во јавните претпријатија, институции и организации, без да се води сметка за стручност, соодветност и квалитет на кадарот. Сепак тоа што ги фрапира граѓаните е фактот дека многу од вработувањата се реализираат по претходна фиктивна промена на националноста, па така македонците во Кочани се принудени да се пишуваат како албанци, за да добијат решение за…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА ВИНИЦА 

Виничките лозари ги избраа најдобрите

Изминатиот викенд  во хотелот Центробизнис кај Виница  се одржа 42-та традиционална Лозаро-овоштарска вечер на која присуствуваа голем број лозари и овоштари од Виница и пошироко. Вредните лозаро-овоштари ја негуваат традицијата над 4 децении и секоја година со нетрпение го очекуваат изборот на најдобрите вина и ракии, како и незаборавната дружба исполнета со ора и песни, и богата лотарија. За значењето на оваа манифестација од стопански и развоен аспект за општината , градоначалникот Миле Петков изјави: -Општина Виница максимално ги поддржува лозаро-овоштарите, бидејќи се значајна гранка во локалното стопанство, и придонесуваат…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Пензии или политика, раскол меѓу ИО

Раскол во Иницијативниот одбор на пензионерите организирани под името За достоен живот во Македонија по состанокот одржан во Кавадарци. Откако претседателот на ИО, Драган Угриновски со неколку поддржувачи ја образложил својата политичка амбиција преку партијата на Јанко Бачев, тој и неколку членови, да бидат носители на листи за пратеници, на наредните парламентарни избори, претставниците од општините на пензионерите кои со месеци протестираа, се оградиле од таквата опција и си заминале од Кавадарци. По неуспешниот тензичен состанок со обиди за физичка пресметка, мнозинството од Иницијативниот одбор, кои практично први ги започнаа…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Ваучерите за инвертер клими – за скопјани!?

Граѓаните од Кочани и околината се незадоволни од начинот на доделување ваучери за купување инвертер клими на Министерството за економија, кој деновиве предвреме беше затворен. Некои сеуште бараат како и каде да аплицираат со барање, иако јавниот повик пред два дена е затворен. Тие сметаат дека условите за аплицирање ги фаворизираат граѓаните од Скопје наспроти внатрешноста, кои документите мораше да ги праќаат по пошта. Во Јавниот оглас, кој беше објавен на 31 јануари, не се предвидува количинска распределба на инверетер клими по региони, туку во иста група се Скопскиот, Источниот,…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Граѓански иницијативи: ИСТ СТАЖ-ИСТИ ПЕНЗИИ

До Собранието РМ е доставена граѓанска иницијатива за собирање 150 илјади потписи, што ќе овоможи референдумско изјаснување на оваа тема. Народот да се изјасни дали треба да се донесе закон за државна пензија, според кој сите пензионери со ист стаж ќе имаат исти примања. Референдумското прашање би гласело: „Дали сте за или против донесување на закон за државна пензија со која сите пензионери со ист стаж ќе имаат иста пензија, а пензиите согласно стажот ќе бидат пресметани според табелата дадена во прилог. Предлагачите посочуваат дека висината на државната пензија се…

Прочитај повеќе